fbpx

Поетесата Елена Пренџова меѓу Македонците во Албанија

-

Познатата потеса Елена Пренџова престојува меѓу Македонците во Тирана. Меѓу другите, се сретна со претседателот на Македонско друштво „Илинден“ од Тирана, Никола Ѓурѓај и со потпретседателот Незир Меча.

Цел на престојот и на средбите со Македонците, вели Пренџова, е да се запознае со условите и со третманот на македонското национално малциство што живее во Албанија и особено во главниот град Тирана.

Поетесата Елена Пренџова е добитничка на степендија од „Традуки“ – „Тирана ин битвин“, партнер на Министерството за култура на Албанија и „Поетека“ од Тирана.

Македонците добија ветување дека нема да бидат заборавени и дека ќе бидат повторно посетени во најскоро време – вели претседателот на Македонско друштво „Илинден“ од Тирана, Никола Ѓурѓај.

Пренџова е родена 1985 година во Скопје. Авторка е на шест збирки поезија: „Јас“ (2006), „Таа“ (2009), „Пораки од морето“ (2011 – ја доби наградата „Бели мугри“), „Живот под ѕвездите“ (2013 – награда „Македонска книжевна авангарда“) , „Политички коректна поезија“ (2014) и „Љубољубна“ (2014 – награда „Караманов 2014“).
Приредувачка е на „Антологијата на младата македонска авангардна поезија“ (2012) и членка на консултантскиот тим за превод на првиот англиско-македонски „Хип-хоп речник“ (2008) на авторите Славчо, Александар и Емилија Ковилоски.

Уредничка е на книжевното списание „Современост“ и на театарското списание „Сум“.

Членка е на Друштвото на писателите на Македонија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Путин го посети Си во Пекинг, повика на посилна економска соработка меѓу Русија и Кина

Рускиот претседател Владимир Путин ја истакна важноста на економската соработка меѓу Русија и Кина во посета на кинескиот претседател Си Џинпинг во Пекинг, пренесува „Њујорк тајмс“. Додека неговата армија напредува...