По Италија и Грција ги затвори школите поради корона вирус во три региони

Фото: Center for Disease Control - USA

Грција на 48 часа ги затвораат сите државни и приватни образовни институции во три региони Ахаиа, Закинтос и Илиас по препорака на Комисијата на експерти за заразни болести.

Комисијата препорачува да се откажат секаков вид масовни собири, како театри, кина, спортски и културни настани, посети на археолошки локалитети и музеи.

Италијанската влада вчера исто така донесе одлука сите училишта и универзитети да бидат затворени до средината на март, додека државата се бори да воспостави контрола на корона вирусот.

Во Италија од коронавирусот починаа повеќе од лица, и е трета земја според смртност по Кина и Иран. Во Грција пак се заразаени девет лица.