Павле Беловски избран за нов в.д. претседател на ССНМ

-

Павле Беловски, новинар во Телма телевизија и досегашен член на Извршниот одбор на Самостојниот синдикат на новинарите (ССНМ) е избран за в.д. претседател на ССНМ, на Собранието кое се одржа во саботата. На Собранието, кое за првпат се одржа онлајн, Беловски едногласно беше избран за претседател, на местото на Ѕвездан Георгиевски, кој ја водеше оваа новинарска организацијата во изминатите две ипол години.

Како што соопштија од ССНМ, на Собранието беше донесена и одлука за проширување на Извршниот одбор (ИО) од досегашните 9 членови, на 13, пред сѐ со синдикални претставници од медиуми кои имаат формирано синдикални групи. Покрај Маја Јовановска, Павле Беловски, Тамара Грнчароска, Роберт Атанасовски и Теофил Блажевски, кои учествуваа во работата на ИО во изминатиот период, дел од Извршниот одбор на ССНМ и во наредниот ќе бидат Сунаи Сабриоски, Зоран Маџоски, Марина Илиевска, Тамара Чаусидис, Теодора Цветковска, Жарко Јорданоски, Перо Момировски и Игор Стефановски.

На Собранието беа разгледани и активностите на ССНМ во изминатата година, од кои беа издвоени, потпишувањето на Колективниот договор со МИА, низа јавни дебати и работилници, издавање на публикацијата „Новинарството како јавно добро“ и други тековни активности поврзани со работничките права на новинарите и медиумските работници, информираат од ССНМ.

Обвинение за две лица по нападот врз градоначалничката Арсовска, предложен притвор за едниот осомничен

Основното јавно обвинителство Скопје отвори постапка против две лица осомничени за кривично дело „Насилство“, во врска со вчерашниот напад врз градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска. Како што соопшти Обвинителството, првоосомничениот ѝ...

Лишен од слобода малолетник во Скопје кој палел оган и горел кабли

Петнаесетгодишно момче од Скопје е приведено ноќеска поради сомнение дека сторил кривично дело „предизвикување на општа опасност“, соопшти Министерството за внатрешни работи. Инцидентот се случил по полноќ на подрачјето на Карпош, во...

Француската амбасада со остра реакција за нападот врз Арсовска

Амбасадата на Франција во Скопје остро го осудува физичкиот и вербалниот напад врз градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска. Во своето соопштение, Амбасадата порача дека насилството врз демократски избрани претставници е...

Предистрага поради сомненија за загадување на животната средина со отпадни материи по пожарот во Визбегово

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје издаде повеќе наредби за испитување на последиците од пожарот што се случи на 9 јули во отпад во Визбегово, а во предистражната постапка се...

Обвинение за две лица по нападот врз градоначалничката Арсовска, предложен притвор за едниот осомничен

Основното јавно обвинителство Скопје отвори постапка против две лица осомничени за кривично дело „Насилство“, во врска со вчерашниот напад врз градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска. Како што соопшти Обвинителството,...