fbpx

Палевски бара адвокати, ќе биде спроведен во суд да се изјасни за притворот

Засега не е познато кои адвокати ќе го бранат Палевски, првоосомничен за две убиства, на 14-годишната Вања Ѓорчевска и на 74-годишниот велешанец, Панче Жежовски

-

Од Истражниот затвор Скопје до Основниот кривичен суд Скопје е доставeно официјално известување за екстрадицијата на осомничениот Љупчо Палевски Палчо, за кој веќе е определена мерка притвор, како и барање за ангажирање на адвокат кој ќе го застапува во текот на постапката.

Палевски беше екстрадиран од Турција на 15 мај, а е првоосомничен за две убиства, на 14-годишната Вања Ѓорчевска и на 74-годишниот велешанец, Панче Жежовски.

„Судот, во рамки на Законските одредби ги издава сите дозволи поврзани со истражната постапка која е во надлежност на Основно јавно обвинитeлство – Скопје и добиените барања ги доставува до предложените адвокати за нивно понатамошно постапување“, известуваат од Кривичниот суд.

Дополнително, судија на претходна постапка во координација со надлежниот Јавен обвинител, ќе издаде наредба за спровод на осомниченото лице за негово произнесување во однос на определувањето на мерката притвор.

Засега не е познато кои адвокати ќе го бранат Палевски.

Тој се наоѓа во истражниот затвор „Скопје“ во Шуто Оризари, под посебни безбедносни протоколи.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.