Од 8 до 13 август ќе се одржи меѓународната ликовна колонија „Марко Цепенков -Дрен“

„И годинава уметниците ќе работат на слободна тема. Очекуваме да се создадат нови уметнички дела што ќе бидат дел од богатата збирка на Центарот. Создадените дела на годинашната колонија ќе бидат презентирани на изложба во Центарот, а претставување ќе има и во повеќе градови низ Македонија,“ вели Марјан Стојаноски од ликовната дејност на Центарот.

Од 8 до 13 август 2024 г. по 16 пат во ЦК „Марко Цепенков“ ќе се одржи
меѓународната ликовна колонија „Марко Цепенков -Дрен 2024„ на која ќе учествуваат
уметници од земјава и од странство.

„И годинава уметниците ќе работат на слободна тема. Очекуваме да се создадат
нови уметнички дела што ќе бидат дел од богатата збирка на Центарот. Создадените дела на годинашната колонија ќе бидат презентирани на изложба во Центарот, а претставување ќе има и во повеќе градови низ Македонија,“ вели Марјан Стојаноски од ликовната дејност на Центарот.

Колонијата се реализира со финансиска поддршка на Министерството за култура, а
досега збирката на слики и скулптури создадени на колонијата надминува бројка од 400 дела.