Извор на фотографија: Влада на РСМ

Од 1 јули ќе се отворат граничните премини Ники (Меџитлија), од Грција кон Северна Македонија и Кристалопиги, од Грција кон Албанија. Тоа го најави преку фејсбук, градоначалникот на општина Преспа, Панајотис Пасхалидис, пренесе агенцијата МИА.

„Важна вест: Веродостојни информации дека од 1 јули одново и регуларно ќе почнат да работат граничните премини Кристалопиги и Ники“, напиша Пасхалидис.

Досега, од граничните премини меѓу Северна Македонија и Грција, од грчка страна, отворен е само преминот Евзони (Богородица).