Обвинение за скопјанецот кој ја уби баба си при семејно насилство

Додека бабата јадела, 28-годишниот скопјанец ја нападнал, започнал да ја удира по главата и телото, а потоа ја задушил

-

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе Обвинителен акт против 28-годишен скопјанец за кривично дело – Убиство согласно член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик.

На 18 јануари, при вршење семејно насилство во семејниот дом на булеварот „Видое Смилевски Бато“ во Скопје, скопјанецот со умисла ја лишил од живот сопствената баба. Додека жртвата јадела, тој ја нападнал, започнал да ја удира по главата и телото, а потоа ја задушил.

Јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетиот.

Македонските стрип-автори меѓу најбројните на Меѓународниот салон во Белград

На 21. Меѓународен салон на стрип во Белград, кој од 26 до 29 септември се одржува во Студентскиот културен центар, македонските учесници традиционално се меѓу најбројните. На распишаниот стрип-конкурс...