Нови 815 случаи на Ковид 19 во последните 24 часа, пријавени четири починати лица

Фото: Annie Spratt on Unsplash

Нови 815 случаи на Ковид 19 се регистрирани во последните 24 часа од направени 1.814 тестови. Оздравени се 1.252 лица, а во изминатото деноноќие се пријавени две починати лица. Со тоа, бројот на активни случаи во моментов во земјава изнесува 4.535 лица.

По градови, најголем број од новозаболените лица се од Скопје – 320, по што следат: Битола – 63, Куманово – 48, Тетово – 44, Кавдарци – 36, Прилеп – 32, Велес – 27, Гостивар и Струмица – по 26, Охрид – 24, Штип – 23, Кичево – 19, Радовиш – 18, Гевгелија – 17, Неготино – 16, Струга – 13, Кочани – 9, Ресен – 8, Дебар и Берово – по 6, Крива Паланка и Валандово – по 5, Крушево – 4, Свети Николе, Делчево, Виница, Богданци и Демир Хисар – по 3, Македонски Брод – 2, Пробиштип, Кратово и Македонска Каменица – по 1.

Досега во земјата се направени вкупно 2.120.452 тестирања на КОВИД-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 328.995, бројот на оздравени пациенти е 315.083, на починати е 9.377, а бројот на активни случаи изнесува 4.535