Нов голем напад на Русија врз украинската енергетска инфраструктура

Русија, интензивирајќи ги своите напади, уништи половина од енергетскиот капацитет на Украина, изјави претходно украинскиот претседател Володимир Зеленски

-

Руските вооружени сили во текот на ноќта извршија нов масовен напад врз енергетската инфраструктура на западот и југот на Украина, соопшти украинското Министерство за енергетика.

Објектите на Укренерго (украинскиот оператор) се оштетени во регионите на Лавов на запад и на Запорожје на југ, каде двајца работници се повредени и хоспитализирани, се додава во соопштението на Министерството.

Таму се вели дека ова е осми масовен напад врз украинските електрани во последните три месеци, поради што често се прекинува струјата.

Русија, интензивирајќи ги своите напади, уништи половина од енергетскиот капацитет на Украина, изјави претходно украинскиот претседател Володимир Зеленски и повика на поставување соларни панели и единици за складирање енергија „во секое училиште и во секоја болница, што е можно поскоро“.

Започна третото издание на Маалски фестивал под мотото „Културата како јавно добро“

Вчера, во Парк во Франкофонија, активистите, уметниците и учениците ги споија познавањата и креативноста во колективни мемории и дела. Учениците од ОУ „Кочо Рацин“ и ООУ „Коле Неделковски" - Центар,...