Нема потерница за браќата Усеини кои се во бегство

Фото: ФБ

Полицијата не може да им влезе во траг на Нефи Усеини и неговиот брат кои се обвинети за напад врз нивниот сограѓанин, Спире Топалоски.

Засега, министерството за внатрешни работи во делот за потраги нема објавено податоци за распишана домашна или меѓународна потрага по браќата Усеини.

Прехтходно СВР Охрид поднесе кривична пријава до надлежното Јавно обвинителство против Нефи Усеини и неговиот брат поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „насилство“ и „неовластено држење на оружје или распрскувачки матeријали“.