Експлозии го разбудија главниот град на Украина, Кијив, денеска во раните утрински часови, во третиот напад на Русија со балистички ракети во овој месец. Регионалната воена администрација соопшти дека во областа е активирана противвоздушна одбрана, како и дека сите проектили биле уништени пред да се приближат до градот, пренесува Укринформ.
Серхи Попко, шеф на воената администрација, на Телеграм напиша дека е прогласена опасност од воздушен напади побара од жителите на Кијив да останат во засолништа додека не заврши тревогата. Украинските медиуми известуваат дека е веројатно дека Русите повторно, и во овој трет напад користеле севернокорејски балистички ракети.
Украинските воздухопловни сили допрва треба да известуваат за последиците од рускиот напад и учинокот на воздушната одбрана во текот на ноќта во неделата.
Во текот на изминатите 24 часа, руската армија извршила над 370 напаси во 10 населени места во областа Запорожје. Како што напиша на Телеграм Иван Федоров, шеф на регионалната воена управа на Запорожје, 255 дронови со различни модификации ги нападнале градовите во оваа област.