Негативни се резултатите на четирите лица од Струмица тестирани на корона вирус

Фото: Center for Disease Control - USA

Министерството за здравство утрово информира дека вчера попладнето на корона вирус биле тестирани 4 лица од Струмица, поврзани со првата пациентка. Нивните тестови се негативни на вирусот. Исто така, биле тестирани и други 8 сопатници од Скопје на истата пациентка и нивните резултати биле негативни на корона вирусот.

„Практично, сите сопатници од комбето на прво заболената, кои во изминатите две недели беа во домашна изолација се негативни на вирусот. По последната информација дадена во текот на вчерашниот ден од Министерството за здравство, на корона вирус беа тестирани уште 7 лица со индикации и нивните тестови се негативни. Во моментов на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби се хоспитализирани 9 пациенти, од кои 8 се позитивни на вирусот, а по вториот контролен тест, првозаболената е негативна на вирусот,  што значи дека таа не е повеќе инфективна, но останува на болничко лекување до нејзиното целосно закрепнување“, соопштија од Министерството за здравство.