Најнови вести во филмската индустрија на темата „Господар на прстените“ (Lord of The Rings)

Најважните вести се дека ќе обнови Lord of The Rings трилогијата и повторно ќе се емитува во кината ширум светот во технички преработена верзија со подолго времетраење на филмовите

Фото: Jorge Arimany, CC BY-SA 3.0, Викимедија комонс

Најважните вести во филмската индустрија се дека ќе обнови Lord of The Rings (Господат на прстените) трилогијата и повторно ќе се емитува во кината ширум светот во технички преработена верзија со подолго времетраење на филмовите. Втората вест е дека ќе се снима нов филм во кој се враќа да глуми и Виго Мортесен со наслов The Hunt for Gollum режиран од Енди Серкис и воедно излезе нова сезона од серијата Rings оf Power: 

За оваа серија имаше многу негативни критики, главно затоа што продукциски и од аспект на костимографија и покрај денешни можности за подобри SGI ефекти, оваа серија не се ни приближува на квалитетот на Lord of the Rings трилогијата во режија на Питер Џексон што парадоскално и претходи цели две децении на серијата. 

Серијата може да се гледа ако имате акаунт на Амазон Прајм, додека во меѓувреме излегоа доста написи, а фановите се еуфорични за обновувањето и за новиот филм, додека серијата ја гледаат како разочарување кое не ги внесува гледачите во фантазискиот свет на Толкин толку добро како филмовите.

Во декември годинава и ќе излезе и анимирана серија со наслов Lord of the Rings: War of The Rohirrim и ќе биде ново аниме од Кенџи Камијама.

 Lord of the Rings: War of the Rohirrim скриншот од YouTube
Lord of the Rings: War of the Rohirrim скриншот од YouTube

Што се однесува до правата за емитување и правење TB серии и TB филмови Амазон и покрај тоа што ги има телевизиските права, сепак освен Rings of Power нема продукциски ништо друго направено на дадената тема.

Warner Brothers и New Line Cinema повторно ќе работат на римејкот додека Embracer Group ги презема правата за филмови преку здружувањето на Питер Џексон, Френ Волш и Филипа Бојанс кои се трио што освои многу оскари и стои зад оригиналната филмска трилогија и трилогијата филмови Хобит ќе работат во огранок наречен Middle Earth Enterprises.

Виго Мортесн како Арагорн Страјдер скриншот превземен од YouTube

Најмногу „се кршат копја” околу темата за тоа како ќе се избалансира квалитетот и доследноста на изворниот материјал, книгите на Толкин и најавениот „нов начин“ од Енди Серкис. Интересна е и веста дека Виго Мортесен (актерот за кој тренерот по мечување за филмовите има изјавено дека е најдобриот мечувалец што било кога го обучувал) побарал да си го користи истиот меч од претходните филмови, со повторно одбивање да користи гумен или побезбеден меч за снимањето. Фановите сметаат дека сепак и по сите новитети на врвот ќе остане оригиналната Трилогија од Питер Џексон. Исто така, се објави и вест дека Питер Џексон ќе снима и адаптација исто како трилогија за „Силмарилион“ наречена „Силмалирион Берен и Лутиен”. Во оваа смисла,  го цитираме Питер Џексон којшто одамна изрази интерес за режирање на Силмарилион:

„Отсекогаш сакав да работам на „Силмарилион” да ја комплетирам и таа приказна и да го донесам постанувањето и потеклото на „Средна Земја” на големото платно и сега кога ја добивам шансата, блиску е да ми се оствари и таа желба”. 

На истава тема за Толкин, веќе имаме повеќе написи што може да ги погледнете овде, а што се однесува до најдобри игри од “овој свет” ви го препорачуваме следниот напис.