Најдобрите фантазиски бесплатни видеоигри со карти без фактор на коцкање, достапни и на мобилни телефони

Игрите со карти можат да се играат на мобилни телефони и се без фактор на штетно коцкање. Сите презентирани игри се бесплатни

Magic The Gathering_Мetamorphosis / скриншот од главната интернет-страница

Во овој напис ви ги презентираме најиграните и најдобрите игри кои се базираат на епска фантастика, односно теми попознати како “меч и магија” и спаѓаат во „RPG“ жанрот. Игрите можат да се играат на мобилни телефони и се игри со карти, но без фактор на штетно коцкање. Сите презентирани игри се бесплатни.

Првата и најважна ваква игра е „Magic: The Gathering. Еве како изгледа презентацијата, односно најновиот трејлер за тој „свет”: 

Играта е основоположник на сите други игри од овој тип. Според најновите сознанија, онлајн верзијата на „Magic: The Gathering“ моментално е главниот начин за натпреварување со официјални регистрации коишто важат и за материјалните карти – форма која станува сè поретка, дека сите играат од дома. Сепак, постојано излегуваат нови карти кои се купуваат со микротрансакции, а правилата за играње, иако изгледаат комплицирани на почеток, лесно се сфаќаат со неколку обиди за играње. Всушност, оваа франшиза е основоположник на начинот на којшто во варијации се играат сите игри со фантазиски карти. 

„Elder Scrolls Legends“

 

Elder Scrolls Legends“ е игра што, иако е потценета, функционално е една од најзабавните игри со карти – внесува механика на две ленти за играње на различни поделени карти што буквално ја прави двојно поинтересна. Естетиката на играта е инспирирана од одлични цртежи за картите и воедно се употребуваат шаблони многу слични на „Heartstone“, што е многу препознатливо. Но сепак е сместена во „Elder Scrolls универзумот”, од кој најпопуларна и до ден денес е „RPG“ играта „Skyrim“, додека „Elder Scrolls Online“ за која имавме напис, сè уште го држи првото место со најголема и најстабилна популација во „ММО“ жанрот. За оваа игра може да погледнете и критика при нејзиното излегување на англиски јазик овде.

GWENT 

 

GWENT“ е игра со фантазиски карти од „Вичер универзумот” – исто така со негенерични механики, кои на прв поглед може да изгледаат збунувачки, но брзо се сфаќа начинот на којшто се игра и победува. Секогаш мора да се внимава кои карти се надополнуваат и поентирањето и победата во играта зависат од тоа чиј “Health Bar” ќе биде надминат на крајот од партијата. Во „GWENT“ дури и си бирате Херои кои ги отклучувате со различна улти-магија. Кога ќе навлезете во играта, сфаќате колку е одлична. Секако, и анимираните карти помагаат за естетиката. „GWENT“ беше дел од игрите „Вичер“, што преку „Witcher 3: The Wild Hunt“ кулминираше и во своја посебна игра со карти. Поради тоа што е од полско производство, играта наиде на многу добар одзив и кај нас. 

За играта „Hearthstone“ која е толку рандомизирана што и најдобриот играч може да изгуби како почетник, имаме поголем број написи кои можете да ги прочитате овде.

Би ви препорачале и уште една игра која е фантазиска, но се базира на Суперхерои – играта „Marvel Snap“ за која имаме посебен напис овде

Сите овие игри се целосно бесплатни и може да се играат на персонален компјутер, лаптоп или на мобилен телефон.