Зошто „Марвел Снеп“ е најдобрата игра за мобилни телефони за 2022 година

Марвел Снеп скриншот од играта

Марвел Снеп“ беше прогласена за најдобра игра за мобилни телефони за 2022 година на настанот Game Awards 2022- настан за кој имаме и неодамнешен напис

Во оваа игра ги има буквално сите суперхерои и суперхеројки од Марвел универзумот. Со големата популарност на квалитетните суперхеројски филмови денес особено од Марвел кои што се сега во сопствеништво на Дизни, расте и заинтерисираноста и за постарите и за поновите компјутерски и воопшто видео игри од овој „универзум“ кој започна многу одамна со стрипови, а сега пикира со филмовите.

На пример, иако на најмладите генерации речиси секогаш омилен суперхерој им е Спајдермен, во Марвел Снеп можете да ја сретнете и картата со Спајдервуман -женски лик суперхероина со слични моќи како Спајдермен. Можете и да ги соберете сите карти со хероите од „Гардијанс оф д Галакси“ -комичните и интересни ликови за кои неодамна беше најавен и трет филм, исто така можете да играте и со хероите од Асгард.

Врховниот бог во нордиската митологија Один е меѓу првите посилни карти што ги отклучувате, но и за тоа треба среќа ама најчесто го добиваат сите почетници. Интересна карта е Професор Икс од Икс Мен затоа што со таа карта можете да заклучите резултат на една од трите локации.

Локациите со моментални бафови и нерфови се новитет, има три локации и секоја нова партија на рандом се вртат варијанти -на пример може една од локациите да дава +5 power на сите карти што ќе ги поставите таму, или пак да прави да имаат сите карти таму -1 power, или пак ако користите една карта да биде моќна но ако ставите повеќе од една и се зема моќта итн.

Во играта има опција да се повлечете од меч што го губите, но и ако го стиснете копчето за Snap -што најчесто се стиска кога убедливо водите- ви се дуплираат наградите а се одземаат од противникот. Ако, пак, другиот играч го притисне Snap копчето, наградите за победникот се зголемени четирикратно. Една од најкорисните карти е Ајронмен затоа што ја зголемува ударната моќ на цела локација. 

Тајната за победи во оваа игра е фактот дека се победува меч со две добиени или три добиени локации, луѓето што не ги читаат упатствата или децата што ја играат -често се случува да билдаат Power на само една локација надевајќи се дека така ќе победат. Треба да држите надмоќ на две од три локации за да победите, ако победите со три уште подобро.

Тоа што ја извдојува „Марвел Снеп“ (Marvel Snap) од другите игри со карти и воедно од другите игри за на мобилен телефон е што првично напредокот во играта не може да се купи со вистински пари односно, иако има Pay to Win елементи, можете да ја играте без да трошите вистински пари. И размерот помеѓу купувањето на злато во играта со кое би купиле други карти или тракови со награди за отклучување -е неисплатлив, односно вредноста на златото во играта чини прескапо во однос на тоа што го нуди за отклучување, а можете и подобри резултати и колекции на карти да постигнете само со играње. 

Доколку ве интересира играта да ја играте и од компјутер има своја бесплатна верзија на Steam и добрата работа е што играта е врзана со сите уреди што можете да ги користите можете да си го играте истиот акаунт и на мобилен и на компјутер односно има каратеристика на Cross Platform.

Обидете се да ја поиграте играва па видете дали ви „фаќа око“ и дали сметате дека заслужи да победи како најдобра игра за мобилен за 2022 година иако беше во конкуренција и со „Диабло Имортал“ и „Геншин Импакт“. 

Порано имаше феноменална игра на Фејсбук наречена „Марвел Авенџерс Алајанс“ која после неколку години беше тргната и избришан целиот напредок на сите луѓе што ја играа секојдневно – судејќи по тоа искуство можно е и истото да се случи и со „Марвел Снеп“ откако ќе и опадне популарноста – тоа стои како лекција од минатото за Марвел онлајн игри- но сега за сега е водечка игра за мобилен што вреди да се испроба особено затоа што е бесплатна.