Над 1000 образовни асистенти во новата учебна година ќе бидат поддршка на учениците со попреченост

Еден образовен асистент може да обезбедува поддршка на еден до три ученици со попреченост во иста паралелка.

-

Во новата учебна 2024/2025 година во редовните основни училишта ќе бидат ангажирани над 1000 образовни асистенти кои ќе помогнат во унапредување на воспитно – образовниот процес на учениците со попреченост и ќе им помагаат во секојдневното извршување на училишните обврски, известува Министерството за образование и наука.

Еден образовен асистент може да обезбедува поддршка на еден до
три ученици со попреченост во иста паралелка.

Образовните асистенти се ангажираат преку основните училишта со ресурсни центри,
а согласно барањата на родителите и старателите на учениците со попреченост. Досега спроведени се целосно огласите за 815 образовни асистенти, а обезбедени се средства и согласности за дополнителни 200, кои по изборот преку јавни огласи, пред да бидат ангажирани ќе поминат дополнителна обука за квалитетно извршување на
предвидените работни обврски.

Доколку се случи ученик со попреченост да нема образовен асистент од првиот
училишен ден, училиштата се должни преку училишниот инклузивен тим, а во
соработка со ресурсните центри да ја обезбедат потребната поддршка на ученикот за
успешно отпочнување на образовниот процес.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Студентското собрание на УКИМ со реакција за зголемените трошоци: Образованието мора да остане достапно за сите

Како Универзитетско студентско собрание, ги разбираме предизвиците со кои се соочува Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) во справувањето со трошоците. Меѓутоа, сметаме дека најголемиот дел од овие финансиски...