Министерката за образование најави образовни асистенти во училиштата до крајот на неделата

Дополнитено, се очекува од јануари да има образовни асистенти и во средните училишта

-

Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, најави дека до крајот на неделава ќе бил решен проблемот со образовните асистенти за деца со посебни образовни потреби, кои десетина дена по почетокот на учебната година сè уште не се ангажирани во сите училишта.

Јаневска ова го најави при нејзината посета на ОУ „Ѓорѓија Пулевски“ во општина Аеродром, додавајќие оти и денеска се потпишувале договори со образовните асистенти.

Таа вели оти назначувањето на образовните асистенти доцни бидејќи се чекаше да се донесе ребалансот на Буџетот и поради како што рече „релативното работење на училиштата на различни начини“.

„Но, ресурсниот центар „Златан Сремец“, кој ја покрива оваа територија, успешно го привршува процесот, денес во училиштево, а верувам и во другите има образовни асистенти“, објасни Јаневска.

Дополнитено, се очекува од јануари да има образовни асистенти и во средните училишта.

Филмскиот фестивал „Киненова“ започнува со првиот долгометражен филм во земјава

Свеченото отворање на годинешното издание на меѓународниот филмски фестивал „Киненова“, на 15 октомври ќе биде во знакот на македонскиот филм, информираат организаторите. „Оваа година повторно сите светла ќе ги впериме...