fbpx

Маричиќ: Граѓаните ќе почувствуваат како е да се биде дел од Европската Унија многу порано од предвиденото

Вицепремиерот во своето обраќање на денешната конференција организирана од Калеви Сорса Фондацијата порача дека овој моментум е посебна шанса за земјите од Западен Балкан и истата треба да се искористи

-

Заменик претседателот на Владата за европски прашања Бојан Маричиќ учествуваше на денешната конференција организирана од Калеви Сорса Фондацијата на тема „Гледање напред кон Земјите на Западен Балкан во ЕУ, искористување на моментумот за проширување“.

Вицепремиерот во своето обраќање порача дека овој моментум е посебна шанса за земјите од Западен Балкан и истата треба да се искористи.

„Пораката од Шарл Мишел не смееме да ја забораваме, треба да се фокусираме и да ја искористиме, да се држиме кон 2030 година како индикатор за нашите планови. Државите од Западен Балкан мора да гледаат далекусежно и да се фокусираме на реформите кои што ќе ни донесат просперитет“, рече Маричиќ.

Во дискусијата тој се фокусираше на Планот за раст со која земјите од Западен Балкан можат многу да добијат нарекувајќи ја „Револуционерна одлука за проширувањето на Европската унија“.

„Со Планот за раст првпат се отвораат можности за вклучување во програми во кои не сме биле досега вклучени, со што се овозможува и пристап до финансиска помош со која ќе се овозможи реализација на реформите најпотребни за реализација на процесот“, рече Маричиќ.

Вицепремиерот истакна дека 2030 треба да биде индикативна година и план за вклучување на земјите од Западен Балкан, со што на граѓаните ќе им се укаже можност и ќе почувствуваат дека се дел од Европската Унија, ја поздрави храбрата политика на ЕУ за раст на унијата и стратегијата која ја планираат за проширувањето.

„Не смееме да го пропуштиме овој момент, немаме време за чекање, мораме да ја искористиме шансата да се вклучиме во европскиот фронт каде што се вклучени сите. Да не се навлегува во тунелот на чекање, кој може да биде изгубено скапоцено време за нас“, рече Маричиќ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

(АНАЛИЗА) Наместо олеснување, заострување на кредитните услови и раст на каматите, што очекуваат банкарите?

Каматата за новите кредити се „спушти“ по 5%. Вкупните кредити на месечно ниво поевтинуваат, но на годишно ниво каматите растат. Иако банкарите најавија олеснување на условите за кредитирање –...