Манолева донела наредба хируршките сали на Клинички да работат со надворешни компресори

Со цел обезбедување на пружање соодветна и квалитетна здравствена заштита на пациентите се укажа потребата од реорганизирање на начинот на функционирање и обезбедување на компримиран воздух со надворешни компресори и дополнително со садови со компримиран воздух како преодно решение до надминување на состојбата, вели заменичката Манолева

-

Заменик министерката за здравство д-р Маја Манолева денеска одржала состанок со медицинските директори на хируршките клиники при Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ со цел реорганизација на работата поради новонастанатата ситуација со компримираниот воздух.

Инаку, повеќе од 2 недели хируршките сали не се во употреба, а итните пациенти се пренесуваат во Универзитетската клиника „Св. Наум Охридски“ и во ГОБ „8 Септември“.

Колапсот на Клинички ја прегоре Градска болница: 150 итни пациенти оперирани за 10 дена

Манолева вчера донела наредба универзитетските клиники кои се сместени во зградата на хируршки клиники во Клиничкиот центар, операционите сали да отпочнат со работа со користење на надворешни компресори и дополнително со садови со компримиран воздух.

„Министерството за здравство ќе укаже до клиниките да набават надворешни компресори со цел функционирање на установите со итен и елективен програм. Оваа одлука се носи со цел изнаоѓање на преодно решение во насока на функционирање на оперативниот програм. Со цел обезбедување на пружање соодветна и квалитетна здравствена заштита на пациентите се укажа потребата од реорганизирање на начинот на функционирање и обезбедување на компримиран воздух со надворешни компресори и дополнително со садови со компримиран воздух како преодно решение до надминување на состојбата“, истакна заменичката Манолева.

На следната владина седница, заменичката Манолева ќе достави информација и ќе побара од Владата да ја задолжи Службата за општи и заеднички работи да спроведе итна набавка на нова компресорска станица.

Дополнително, како што се вели во соопштението на Министерството за здравство, Универзитетската клиника „Св. Наум Охридски“ и ГОБ „8 Септември“ треба да продолжат да работат со максимално искористување на капацитетите и со поддршка од дополнително потребен здравствен персонал согласно склучени договори за соработка со универзитетските хируршки клиники.

Македонските стрип-автори меѓу најбројните на Меѓународниот салон во Белград

На 21. Меѓународен салон на стрип во Белград, кој од 26 до 29 септември се одржува во Студентскиот културен центар, македонските учесници традиционално се меѓу најбројните. На распишаниот стрип-конкурс...