Култниот „Андалузиски пес“ на Буњуел го отвора 4. издание на Фестивалот на нем и класичен филм во Кинотека

Фото: Кинотека

„Андалузиски пес“ во режија на Луис Буњуел, едно од највлијателните дела во историјата на кинематографијата на 10 септември ќе го отвори четвртото издание на Фестивалот на нем и класичен филм во Кинотека на Македонија.

Проекцијата на филмот има музичка придружба во изведба на пијанистот Милош Станојевиќ, еминентен српски пијанист и добитник на повеќе награди на државни натпревари во Србија.

Реализацијата на Фестивалот на нем и класичен филм е поддржана од Амбасадата на Шпанија во Македонија, од српскиот културен центар во Скопје – „Спона“, Гете-институт Скопје, ФАМЕ’С Институт.