Димитар Грбевски добитник на наградата „Голема ѕвезда на македонскиот филм“

„Оваа година се одлучивме за професионалец кој остави длабока трага современата македонска кинематографија и сосема заслужено ќе го носи и епитетот „Голема ѕвезда на македонскиот филм“, велат од ДФРМ

-

Македонскиот филмски и телевизиски монтажер Димитар Грбевски е добитник на наградата „Голема ѕвезда на македонскиот филм“ за исклучителен придонес во македонската кинематографија, што традиционално секоја година ја доделува Друштвото на филмски работници на Македонија (ДФРМ).

Оваа награда e востановена во 2013 година и е замислена како признание за посебна контрибуција кон македонскиот филм и од самиот почеток критериумот е подигнат толку високо, што навистина не е лесно да се најде вистински кандидат и достоен лауреат.

„Оваа година се одлучивме за професионалец кој остави длабока трага современата македонска кинематографија и сосема заслужено ќе го носи и епитетот „Голема ѕвезда на македонскиот филм“, велат од ДФРМ.

Димитар Грбевски е роден во Велес. Започнува да работи како филмски монтажер во РТВ Скопје во 1965 година. Филмска академија завршува во Загреб (1972), а по завршувањето на Академијата, во 1975 година се вработува во „Вардар филм“. Од 1992 работи како професор на Факултетот за драмски уметности во Скопје на катедрата за филмска и ТВ монтажа, а во 2011 заминува во пензија. Грбевски како асистент на монтажа и монтажер учествувал во повеќе од 30 филмови и ТВ филмови и серии. Во 1981 година ја освои Повелбата за долгогодишен придонес на Фестивалот на југословенски документарен и краток филм во Белград, а добитник е и на наградата „Златен објектив“ што ја доделува Кинотеката на Македонија.

Во неговата богата филмографија меѓу другите се запишани и: „1971 година: Ембрио No. M.“ (монтажер на првиот македонски анимиран филм), „Најдолгиот пат“, „Исправи се Делфина“, „Дае“ (документарен), „Црвениот коњ“, „Македонска сага“, „Џипси меџик“ и „Војната заврши“.

Официјално е постигнат прекин на огнот меѓу Хамас и Израел

Официјално по едни од најстрашните 15 месеци поминати во војна, Израел и Хамас постигнаa договор за прекин на огнот во Газа, кој ќе доведе до постепено ослободување на заложници и палестински...

Лажна е фотографијата со холивудскиот знак во пламен

Организацијата која го одржува знакот и управува со своите веб-камери, објави на Инстаграм дека фотографиите на споменикот во пламен се лажни Анализираме објава на Фејсбук која споделува фотографија од знакот Холивуд во Лос Анџелес како гори...

Претседателот на УПОЗ ги отфрла обвинувањата од владата за политизација на протестите

Синдикатот на УПОЗ ги отфрла обвинувањата од владата за политизација на протестите, истакна претседателот Трпе Деаноски на денешниот протест пред Министерството за култура. „Секој обид на Владата или политичките партии да докажат...

Ова видео од пожарите во Лос Анџелес е креирано со вештачка интелигенција

Видеото не се појавува во ниту една снимка од кредибилни новински агенции или светски медиуми, коишто широко известуваат за пожарите во Лос Анџелес. Проверувачите на факти на Њуз Метер пишуваат дека...

Официјално е постигнат прекин на огнот меѓу Хамас и Израел

Официјално по едни од најстрашните 15 месеци поминати во војна, Израел и Хамас постигнаa договор за прекин на огнот во Газа, кој ќе доведе до постепено ослободување на заложници...