Контроверзната сличност на Marvel Rivals и Overwatch

Овој наслов Marvel Rivals се очекува да биде доста популарен, иако моментално алфа тестирањето е ограничено само на луѓето што добиле пристап. Играта ќе биде мултиплејер и веројатно, по моделот на Overwatch 2, и бесплатна

Иако одвреме навреме излегува по некоја нова игра од „Марвел Универзумот”, Marvel Rivals која што моментално е во алфа тестирање, многу ветува, но предизвикува и доста контраверзии околу тоа колку е слична со Overwatch и во сетингот и во гејмплејот. Дури и девелоперите ги натераа тестерите да потпишат дека нема да ја истакнуваат сличноста, па кога тоа се откри се повлекоа и извинија затоа што банираа за негативни критики.

Во прилог е трејлерот за најновата Марвел Игра со суперхерои која и покрај сè, се очекува да биде многу популарна: 

Суперхероите кои ги бирате се познати на помладите генерации кои редовно ги гледаат и најновите и претходните Марвел филмови, а истото важи и за повозрасните фанови што читале и такви стрипови и се заинтересирани.

Иако ги има Спајдермен, Хулк, Локи, Ајронмен, Скарлет Вич, Доктор Стрејнџ, Грут и Рокет, Старлорд и останатите популарни суперхерои, има и не толку познати ликови за бирање од Марвел. Се очекува како прогресира играта да се додадат уште цела плејада маркантни ликови. 

Околу споредбите со интерфејсот, гејмплејот (Старлорд е сличен со Трејсер, Генџи со Спајдермен итн) и нивоата (боите и дизајнот на стазите е скоро идендитичен) на Marvel Rivals со Overwatch има многу видеа, а издвојуваме едно каде сличностите се евидентни: 

Претходни скорешни успешни наслови од Марвел Универзумот за кои имаме известувано се Марвел Снеп и Марвелс Авенџерс– која беше прекината, но продолжи за луѓе што ја купија претходно. 

Овој наслов Marvel Rivals се очекува да биде доста популарен, иако моментално алфа тестирањето е ограничено само на луѓето што добиле пристап. Играта ќе биде мултиплејер и веројатно, по моделот на Overwatch 2, и бесплатна.

Ова е веб-страницата на играта Marvel Rivals, каде се очекуваат главни новости и датумот на излегување, иако најверојатно повеќето играчи ќе ја играат преку Steam