fbpx

Јавните податоци ѝ припаѓаат на јавноста, а не на институциите

Модернизацијата или воведувањето на дигиталните технологии не треба да биде префрлена само врз ИТ лица, туку треба да бидат вклучени сите чинители, рече Мила Јосифовска Даниловска, програмска менаџерка во Фондацијата „Метаморфозис“

-

Јавните податоци треба да бидат слободно достапни за сите граѓани. Институциите кои располагаат со јавни податоци мора да прифатат дека овие податоци припаѓаат на јавноста, а не на самите институции. Потребно е централизирано планирање на инфраструктурата за податоци под единствен ентитет за да се обезбеди конзистентност, ефикасност и интероперабилност помеѓу сите државни институции, како и учество на граѓанското општество во дигиталната трансформација.

Ова се некои од предлог-препораките кои произлегле од денешната трета сесија на работната група 6-Антикорупција на тема: „Градење кохезивна дигитална инфраструктура за развој на напредни јавни финансии“, која се одржа во Скопје.

Мила Јосифовска Даниловска, програмска менаџерка во Фондацијата „Метаморфозис“ посочи на важноста на дигитализацијата која треба да е приоритет.

„Ова подразбира дека процесите и услугите треба да се подобрат со примена на дигитални решенија, внатре во институциите и институциите со граѓаните. Модернизацијата или воведувањето на дигиталните технологии не треба да биде префрлена само врз ИТ лица, туку треба да бидат вклучени сите чинители“, рече Јосифовска Даниловска.

Милева Ѓуровска, пак, претседателката на Европското движење кажа дека во развојот на дигиталната трансформација треба да се пристапи многу внимателно.
„Треба да се води сметка дека дигиталната трансформација мора да биде усогласена со сите политики на ЕУ кои ги имаме донесено во нашиот национален контекст“, рече Ѓуровска.

Александар Кржаловски од Македонскиот центар за меѓународна соработка потенцираше дека според анкетите, корупцијата во последните две години е еден од најголемите проблеми во државата. Преку конкретни примери, Кржаловски укажа на недостатоците во користењето на јавните услуги во државава кои би требало да се дигитализирани.

Боро Јакимовски, деканот на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство кажа дека е потребен стратешки пристап во градење на централизирани автоматизирани системи.

„Имаме релативно добра усогласеност со ЕУ легислативата. Квалитетните и бесплатни податоци се клучни за дигиталната трансформација“, рече тој.

Стефан Андоновски, министерот за дигитална трансформација во своето обраќање рече дека колку е повисок степенот на дигитализација толку државата е поотпорна на влијанија. Според него, не може да се зборува за вештачка интелигенција, доколку институциите не се поврзани и не комуницираат меѓу себе.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

По една ѕвезда на Широк сокак за лауреатите на Златна Камера 300 за животно дело

На годинашното јубилејно 45. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ по прв пат на Широк сокак во Битола, ќе бидат откриени ѕвезди на сите досегашни добитници...