Јавната седница во Апелација за „Тенк“ заврши, СЈО очекува брза одлука

-

Заврши јавната седницата на Апелација на која се расправаше по жалбата на првостепената пресуда за Никола Груевски и Ѓоко Поповски за предметот „Тенк“.

По првостепената пресуда за „Тенк“ поднесени се шест жалби, четири од адвокатите на Груевски, една лично од Груевски и една од Ѓоко Поповски.

Во жалбата на Груевски е наведено дека во февруари 2018 година настапила застареност на кривичното дело, поради телефонскиот разговор што го направил Груевски на 26 февруари 2012 година. Во неа се посочува дека пресудата е нејасна и противречна поради што се бара укинување на пресудата од првостепениот суд.

Обвинителот од СЈО, Гаврил Бубевски изрази надеж дека Апелациски одлуката ќе ја донесе брзо, за пет до шест дена. Бубевски на седницата ги оцени како неосновани сите жалбени наоди поднесени од адвокатите на обвинетите во овој случај.

Во контекст на тоа додаде дека, „се неосновани жалбите на адвокатите за ангажираните вештаци за високите трошоци направени за вештачењето.“

– Во моментот кога се носеа наредби за вештачење прво се консултиравме со домашни стручњаци од оваа област. Но, во тоа време немаше вештак што сакаше да работи за СЈО. Се нафати една странска компанија која има своја подружница овде, свои вештаци а цената на тоа не е превисока – рече Бубевски.

Според него, пресудата не се темели само на бомбите, а и самите прислушувани материјали со решение на Апелацискиот суд се прифатени да бидат доказ во постапката.

На Груевски, како што рече Бубевски, не му застарува делото, бидејќи за него се водат четири активни судските постапки во Кривичниот суд во Скопје.

Куќниот притвор заменет со притвор за осомничениот за нападот врз Арсовска

Кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје постапувајќи по жалба на Основното јавно обвинителство Скопје поднесена против решение на судија на претходна постапка од 12.07.2025 година, ценејќи ги наводите во жалбата...

Лекар од Струга со истечена лиценца, 4 години земал плата и додатоци

Четириесет и две годишен лекар од Струга, четири години земал плата и додатоци на плата, иако немал валидна лекарска лиценца, соопшти МВР. „Во периодот од 15 јули 2020 година, од кога му...

„Сапорт Кочани“ ја реализираше донацијата за Универзитетската клиника за пластична хирургија во Скопје

Граѓанската иницијатива „Сапорт Кочани“ донираше медицинска опрема за третман и рехабилитација на повредените од трагичниот настан што се случи на 16 март 2025 година во кабаре клубот „Пулс“ во Кочани. Донацијата...

Започна електронското пријавување за сместување во студентски домови за 2025/2026

Од денеска, студентите од втора и повисоките години можат електронски да аплицираат за сместување во државните и приватните студентски домови за академската 2025/2026 година. Како што информира Министерството за образование и...

Куќниот притвор заменет со притвор за осомничениот за нападот врз Арсовска

Кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје постапувајќи по жалба на Основното јавно обвинителство Скопје поднесена против решение на судија на претходна постапка од 12.07.2025 година, ценејќи ги наводите...