Израелски полицаец застрела петгодишно дете в лице

Израелски полицаец истрелал гумен куршум в лице на петгодишно палестинско момче, кое со училишниот автобус се враќало дома, објавија палестинските медиуми, јавувајќи дека од куршумот момчето добило фрактура под окото.

палестински дете застрелано во фацаИнцидентот се случил кога Мохамед Џамал Ебеид и неговата 14-годишна сестра слегле од автобусот и се упатиле кон својот дом во Ал-Исавија, арапско село во близина на источен Ерусалим.

– Израелски војник од кратко растојание стрелаше во детето, повредувајќи го во пределот под окото – соопшти чичкото на Мохамед.

Момчето веднаш е хоспитализирано и оперирано.

Ова е втор случај полицијата со гумен куршум да застрела дете во горен дел од телото, што е забрането со полициските правила.