Израел: Го убивме лидерот на Хезболах

Војската соопшти дека извршила прецизен воздушен напад за време на состанокот на раководството на Хезболах во неговото седиште во Дахија, јужно од Бејрут

-

Израелската војска објави дека го убила лидерот на Хезболах, Хасан Насрала, во напад на Бејрут.

Војската соопшти дека извршила прецизен воздушен напад за време на состанокот на раководството на Хезболах во неговото седиште во Дахија, јужно од Бејрут.

Се наведува дека во нападот биле убиени неколку команданти на Хезболах.

Либанското Министерство за здравство соопшти дека шест лица загинале, а 91 се повредени во вчерашните напади во кои се урнале шест станбени згради.

Насралах го водеше Хезболах повеќе од три децении.

Честитки од Сиљановска и Мицкоски по повод 28 Септември, Меѓународниот ден на Бошњаците

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова упати честитка до припадниците на бошњачката заедница, по повод 28 Септември, Меѓународниот ден на Бошњаците. „Горди сме што Бошњачката заедница има свој празник којшто достоинствено се...