Изложба на дела од Владимир Темков во ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп

Фото: НУЦК Прилеп

Утре, 17 јуни, во 12.00 часот, во ликовната галерија при ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп ќе биде отворена изложба на дела од Владимир Темков.
Уметникот пред прилепчани ќе се претстави со 20 дела од циклусот „Бојата на небото и водите во Тиквешијата“.

Владимир Темков е роден во Кавадарци. Средно уметничко училиште, Педагошка академија и Факултет за ликовни уметности завршил во Скопје, каде и магистрирал. Реализирал бројни самостојни изложби во земјата и во странство, а бил дел и од голем број на групни претставувања.