Illusion Lands -игра сублимат од сите подобри RPG игри

Illusion Lands слика од Steam

Она што е интересно кај оваа Dark Fantasy RP игра е што за неа се земени многу карактеристики од повеќе популарни игри и што е мешавина од епска и научна фантастика. Во Illusion Lands протагонистот (главниот лик) изгледа како Данте од Devil May Cry со иста фризура и сличен лик, додека облеката/оклопот е различен.

Исто така, комбатот и чудовиштата многу потсетуваат на комбатот во најновите God of War, а главните во играта потсетуваат на чудовиштата од Monsterhunter и Dragon’s Dogma. Додека самите нивоа се направени многу слични на природата и околините во Elden Ring, а нивоата со снег потсетуваат многу на Skyrim. Дури и јавањето на змеј е тотално исто како во експанзиите на Skyrim со таа разлика што во Ilusion Lands змејот може да блуе оган и на обични непријатели и на „босови“ и да ви помага во борба.

Кога сме кај борбите, комбатот во играта има слични движења како професијата Warrior на Guild Wars 2 поточно елитната специјализација „Берзеркер” преставена во експанзијата Heart of Thornes.  Исто така има и „глајдање” многу слично како во Guild Wars 2 иако меѓу првите ММО игри во кои имаше глајдање со крилја беше AION. Во Illusion Lands има глајдање со футуристички светлосен глајдер од кој виси главниот јунак.

Што се однесува до приказната, играте со Ирвин којшто е во лов на Devourers („Јадачите”) кои се огромни суштества од старите богови кои треба да ги разбуди и уништи за да го спаси светот. Играта е со „кревање левел“ и појачување на ликот во повеќе аспекти. Teшкотијата на играта е како Dark Souls игра.

Сè на сè играта Ilusion Lands е микс од сите омилени игри на љубителите на RP игри, но овојпат е игра што го прави сето тоа успешно и направена да изгледа многу привлечно, особено заради атрактивните Hack and Slash карактеристики и графички поткованата естетика. 

Веќе подолго време играта е во најава и се очекува да излезе и бесплатна демо верзија на Steam.