Одбележана една деценија од првата објава на Skyrim

Скриншот од Skyrim Евентот
Фото: Bethesda

На 11.11.2021 беше одбележана 10 годишнината откако е објавена Elder Scrolls V: Skyrim една од најдобрите и најпопуларни RPG игри на сите времиња која и ден денес ја употребуваат YouTube-ери и стримери на Twitch. Исто така, на овој датум беше објавена и најновата верзија на играта: Skyrim Anniversary Edition за која девелоперите од Bethesda велат дека е најкомплетната верзија на Skyrim досега. Иако фановите ја модификуваат играта со години, изгледа дека повеќето од модовите нема да работат на најновата верзија. Пред оваа верзија беше објавен Skyrim Special Edition и тие што веќе ја имаат ќе можат да ги симнат DLC содржините за Skyrim Anniversary Edition бесплатно. 

По повод настанот, Симфонискиот оркестар од Лондон заедно со Лондонскио хоp одржаа концерт со музиката од Skyrim а и концерот е објавен со видео каде се снимани трогателни приказни на луѓе на коишто Skyrim како игра им го сменил животот на подобро. А, на крајот од настанот композирот Инон Зур ја најавува својата музика за најновата вселенска игра Starfield за која емитуваат „концепт-арт“. Ова е целото видео по повод 10 годишнината на Skyrim: 

Инаку, кога сме кај темата за Skyrim ако ја играте само главната приказна и неколку пати направите квестови за специјални оружја и оклопи би можеле да ја завршите за две недели интензивно играње. Играта е обемна и има многу содржини, но сепак светот не е толку огромен како што фановите знаат да го престават токму поради опцијата за „Fast Travel“ ако сте биле на локација можете само да ја отворите мапата и да кликнете двапати на претходна локација и ќе бидете телепортирани таму. 

Препорачано е што побрзо да се ожените рано во играта, бидејќи жената ќе ви дава 100 златници секој ден. Исто така, можете и да посвоите деца и да изградите куќа каде што ќе има простор за жената децата и за вас. Ќе можете и да си направите и оружарница каде како во музеј ќе ви стојат омилените оружја и оклопи што сте ги користеле. Другата опција е да направите библиотека каде ќе ги сместите сите книги што сте ги собрале. Можете сè на сè да изградите 3 куќи ако сакате да ги имате сите можни соби. Препорачливо е да ги играте експанзиите една по една затоа што ако веднаш ја активирате и трета експанзија „Dragonborn“ при убиства на змејови често ќе ви ги краде душите на змејовите главниот негативец наместо вие да ги земете за што повеќе „викања“ попознати како „шаутови“.

Skyrim има многу да понуди како игра. Во експанзијата Dawnguard можете да бирате дали ќе станете Вампир или Врколак или ниедно од тие две и ќе си останете човек. Во играта има процес за лечење од вампиризам. А, и некои од благословите што ви ги даваат луѓето во разговорите помагаат да се тргне вампиризмот.

Приказните од „сајд квестовите“ ќе ве натераат да правите и лоши дела но без тоа не можете да ги добиете наградите и да го видите исходот на приказната во играта. Така што херојот или хероината што ќе ги играте во играта можат и да бидат и малку како негативци особено ако ги играте „квестлајновите“ за Dark Brotherhood или Thieves Guild. 

Bo верзијата Skyrim Legendary Edition можеше да се борите и додека сте на коњ, да замавнувате со оружјето и да стрелате со лак и стрели. Да се надеваме дека во најновото издание на Skyrim Anniversary Edition има многу нови подобрувања освен графиката. Играта не зафаќа многу простор, но сепак бара понов компјутер. Додека првичната верзија можете да ја играте и на послаб компјутер ако имате малку подобра графичка карта.