Играта Нарака блејдпоинт е бесплатна на Стим

Naraka Bladepoint Free To Play -скриншот од Стим
Naraka Bladepoint Free To Play -скриншот од Стим

Една од подобро сработените батл ројал игри „Нарака блејдпоинт“ (Naraka Bladepoint) која претходно се плаќаше, од пред неколку дена е бесплатна на Стим односно влезе во категоријата на Free to Play игри. Naraka ја има и на Epic Games платформата и таму е веќе уште од претходно беплатна.

Самата игра може да се игра и на PC и на Play Station 5 и на најновиот XBox. Воедно, играта функционира и со крос-плеј што значи дека и од компјутер и од конзолите сите играчи можат да играат на иста мапа здружено или едни против други. Доколку имате поголем лаг, можете да ја исклучите опцијата за Cross-Play. Ова правило важи за поновите игри со кросплеј меѓу кои и Диабло 4 -опција што најчесто ја употребуваат стримери.  

Во Нарака батл ројал моделот потсетува на играта Vampire The Masquerade Bloodhunt каде борбите од блиску се опционални. Нарака исто така потсетува и на Ниох игрите кои се доста популарни. 

Бетл ројал сетингот на играта е со сите класични елементи: може да се игра и соло, дуо или со тројца играчи во еден тим. Исто така, има и опција за вежбање против ботови што е многу полесно од играњето со играчи, но Нарака нуди и неколку други модови (game mode) на самата игра. Графиката и фиксните ликови се супер дизајнирани во азиски стил со многу козметика за отклучување и секакви естетски подобрувања.

Комбатот во играта е динамичен и самите комбоа се поприлично лесни за правење на пример има комбоа од повеќе удари само ако држите стиснат клик на маусот. Играчите на Нарака блејдпоинт веќе се орасположени поради најавените кросовери со Ниер серијалот, како и со поновата игра Ву Лонг:Фолен Дајнасти. За да се инсталира играта се потребни слободни 35 GB на вашиот хард диск, а минимум бара 8 GB RAM.