Двајцата бомбаши самоубијци што го извршија нападот на бриселскиот аеродром се идентификувани како браќата Ел Баркау, кои од претходно ѝ се познати на полицијата, јави белгиската телевизијата „Ар-те-бе-еф“.
Белгиските власти и понатаму трагаат по третиот осомничен за вчерашните напади во Брисел, кој според белгиското федерално обвинителство, сè уште е во бегство. Станува збор за 25-годишниот Најим Лачарау, а неговата ДНК е пронајдена во зградите што го користеле извршителите на минатогодишните напади во Париз. Лачарау, наводно, минатата година во септември, заедно со главниот осомничен за нападите во Париз, Салах Абдеслам, отпатувал за Унгарија. Полицијата издаде потерница по него.
#TERRORISME A rechercher – Najim LAACHRAOUI https://t.co/8WCyCZdJP9 pic.twitter.com/S4UZnG3XYf
— Avis de recherche (@police_temoin) March 21, 2016
Во терористичките напади во Брисел, според официјалните податоци, загинале најмалку 31 лице, а 250 се повредни.