fbpx

Хирушките сали на Клинички ќе чекаат нови компресори до Нова година

Таравари на брифингот кажа дека од она што можел да го види, состојбата со салите на Клиничкиот центар не била добра, а според кажувањата исто е и на Клиниката „8 септември“

-

До Нова година се очекува да се нормализира работата на хируршките клиники при Клиничкиот центар, бидејќи дотогаш се очекува да бидат инсталирани нови компресори за кислород. На брифинг со новинарите, министерот за здравство Арбен Таравари кажа дека деновиве е објавен тендер за набавка на нови компресори.

„Се надевам дека до крајот на декември ќе се завршат и комплетно и ќе се вратат во функционална состојба хируршките сали во Клиничкиот центар во Скопје. Одиме со целосно нова инсталација, проблемот почнуваме д го решаваме“, рече Таравари.

Инаку и денеска, на овие пеколни температури, можеше да се забележи метеж во Клиничкиот центар – како на влезот во центарот, така и на паркинзите, но и во клиниките. Автомобили, возила на Брза помош, нервозни паценти имаше и пред влезот на хируршките сали. Полно е и во холовите, а се забележуваат и пациенти легнати во болнички кревети, во ходници, додека чекаат прием и преглед од доктор. За операции се примаат само итни случаи и така ќе биде сè додека не се инсталираат новите компресори.

Околку 20 мај настана проблемот со компримираниот воздух на Клиничките клиники. Голем дел од операционите сали се затворени. Пациенти се враќаат, со образложение дека нема услови да се изведе операцијата доколку не е итна.

Таравари на брифингот кажа дека од она што можел да го види, состојбата со салите на Клиничкиот центар не била добра, а според кажувањата исто е и на Клиниката „8 септември“.

Министерот најави и дека е готов нацрт-законот согласно кој секоја клиника ќе има само еден директор.

„Од 63 на 32 ќе се намали бројот на директори на Клинички. Но, овде нема да брзаме за да не настане хаос од организациски аспект“, рече тој.

Таравари кажа дека и дека екипа од кај нас ќе оди во Словенија, која ќе види како е организиран таму Клиничкиот центар.

„Ќе се види што можеме од кај нив да примениме, бидејќи со Словенија имаме приближно ист број на население и речиси иста големина на територија“, додаде тој.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ТАНЕЦ ќе ја збогати летната програма во Охрид, Прилеп и во Галичник

Македонскиот фолклорен ансамбл „Танец“ оваа година прослававува 75 години од неговото постоење. Од почетокот на оваа година, фолклорниот ансамбл настапува под мотото „75 години Македонски код“. Покрај големите жештини кои...