fbpx

Град Скопје и општина Центар треба да го решат проблемот со урнатиот ѕид, велат во Министерството за здравство

Во интерес на граѓаните, потребно е да се изнајде итно решение во заеднички напори со надлежните институции Градот Скопје и Општина Центар кои треба да бидат иницијатори за решавање на проблемот, поради тоа што се работи за улица, а надлежните инспекциски служби да дадат мислење за моменталната безбедност, велат во Министерството за здравство

-

Во случајот со паднатиот потпорен ѕид позади Клиниката за детски болести, истиот е изграден на државно земјиште, а Министерството нема прибележано право за трајно користење на тоа земјиште, информираат денеска од Министерството за здравство. Реакцијата следува откако пред неколку дена, се урна дел од потпорниот ѕид на улицата „Белградска“, веднаш над Клиниката за детски болести во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.

„Секој од објектите во Клиничкиот центар има право на користење на објектите, но нема доделено право на трајно користење на земјиштето околу клиниките. Во интерес на граѓаните, потребно е да се изнајде итно решение во заеднички напори со надлежните институции Градот Скопје и Општина Центар кои треба да бидат иницијатори за решавање на проблемот, поради тоа што се работи за улица, а надлежните инспекциски служби да дадат мислење за моменталната безбедност“, наведено е во соопштението.

Во видео-обраќање, директорот на ЦУК Стојанче Ангелов, изјави дека ЦУК добил неколку пријави дека ѕидот е накосен и во лоша состојба, почнувајќи дури од ноември 2022 година. Според Ангелов, по првите пријави ЦУК веднаш ги известиле надлежните институции, односно Министерството за здравство (МЗ), Град Скопје, Општина Центар, Министерството за внатрешни работи (МВР), за кои мерки може да се преземат за да се осигури безбедноста на граѓаните.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Очајна екипираност – во просек еден обвинител има по 180 нови предмети годишно

Во просек, на годишно ниво секој јавен обвинител од основно обвинителство работел на по околу 180 нови предмети, покажува Годишниот извештај за работата на јавните обвинителства за 2023 година...