Хеликоптер на МВР со над 25 тони вода го стави под контрола пожарот во кичевско

Овој пожар беше единствениот кој остана активен од осумте пожари на отворено во последното деноноќие. Пожарот бил активен со различен интензитет, повеќе денови

-

Денеска хеликоптер Бел-412 од Одделот за воздухопловни единици на МВР дејствуваше на пожарот во атар на село Цер, општина Кичево.

Хеликоптерот исфрли над 25 тона вода и во координација со силите на терен пожарот е ставен под контрола, информира МВР.

Овој пожар беше единствениот кој остана активен од осумте пожари на отворено во последното деноноќие. Пожарот бил активен со различен интензитет, повеќе денови.

„Конкретно, Регионалниот ЦУК Охрид, известува континуирано од 17.06.2024 кога во 16:00 часот, на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК беше добиена информација за пожар на отворено, на место викано „Рамнин“, атар на с.Цер (Општина Кичево), каде што почнала да гори нискостеблеста деградирана шума, сува трева и смрека. За настаната состојба веднаш биле известени Општина Кичево, ТППЕ Кичево и Јавно претпријатие „Национални шуми“ подружница „Лопушник“ во Кичево, ДЗС и МВР“, информираа од ЦУК утринава.

Оттаму информираа и дека ЈП „Национални шуми“ подружница „Лопушник“ не учествувале во гасење на шумскиот пожар, освен што интервенирале 20-тина граѓани од месното население, а е интервенирано од воздух со хеликоптер на МВР, што во 7 до 8 наврати истурил вода на опожарениот простор, при што бил неутрализиран еден крак од пожарот.

„И покрај ваквите интервенции пожарот не е целосно изгаснат и е се уште активен и постои опасност пожарот да навлезе во букова шума, а во тој случај многу тешко би можел да се контролира“, изјавија од ЦУК, пред МВР да го стави пожарот под контрола.

Започна третото издание на Маалски фестивал под мотото „Културата како јавно добро“

Вчера, во Парк во Франкофонија, активистите, уметниците и учениците ги споија познавањата и креативноста во колективни мемории и дела. Учениците од ОУ „Кочо Рацин“ и ООУ „Коле Неделковски" - Центар,...