Голем број портали сè уште не доставиле извештаи колку пари добиле од парламентарните избори

Од вкупно 30 портали кои „Фондација Метаморфозис“ во рамките на пошироко истражување ги разгледува во однос на финансиските извештаи за парламентарните избори што се одржаа на 8 мај годинава, речиси половината не поднеле финансиски извештаи за тоа колку пари добиле од државниот буџет

-

Од вкупно 30 портали кои „Фондација Метаморфозис“ во рамките на пошироко истражување ги разгледува во однос на финансиските извештаи за парламентарните избори што се одржаа на 8 мај годинава, речиси половината не поднеле финансиски извештаи за тоа колку пари добиле од државниот буџет за рекламирање на партиите кои влегоа во изборната трка.

Ова може да се согледа од одговорите кои Мета.мк ги доби преку барање за пристап до информации од јавен карактер, кои беа поднесени до Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Државниот завод за ревизија (ДЗР), Министерството за финансии и Државната изборна комисија (ДИК).

Побаравме финансиски извештаи за 30 портали, а од ДКСК и од ДЗР ни беше одговорено дека речиси половината од нив немаат поднесено.

Порталите (н.з. – набројани се 12 портали) до Државниот завод за ревизија немаат доставено финансиски извештаи за парламентарните избори одржани на 08.05.2024 година, се вели во одговорот добиен од Државниот завод за ревизија.

Од страна на (н.з. – набројани се 13 портали) до ДКСК не е доставен извештај за рекламен простор искористен од учесниците во изборната кампања, гласи одговорот на ДКСК.

Радиодифузерите и печатените медиуми и електронските медиуми (онлајн порталите) во земјава беа должни да поднесат извештај за рекламниот простор искористен од секој од учесниците во изборната кампања и средствата кои се платени или се побаруваат по таа основа најдоцна 15 дена по денот на завршување на изборната кампања.

Инаку, извештаите за платеното политичко рекламирање треба да бидат објавени на четири места и тоа на веб страната на Државната изборна комисија, Државниот завод за ревизија, Државната комисија за спречување на корупцијата и до Министерството за финансии.

ДИК годинава пресмета рекордна сума пари наменета за платено политичко рекламирање, а тогаш пресметките покажаа дека за двојните избори од буџетот за медиумите ќе се издвојат 10,6 милиони евра.

Во онлајн-просторот близу 250 портали се пријавија за да добијат парче од рекламниот колач за изборите. Кандидатите и партиите сами одлучуваа каде сакаат да се рекламираат, но еден учесник можe да потроши најмногу 15 илјади евра кај еден портал.

Двојните избори годинава привлекоа досега најголем број на портали заинтересирани за поделба на изборниот колач вреден неколку милиони евра. На локалните избори во 2021 година се пријавиле вкупно 176 портали, додека на парламентарните во 2020 година имаше вкупно 235 пријавени портали.

Мета.мк претходно објави дека начинот за да се стигне до финансиските извештаи на медиумите е крајно хаотичен и неорганизиран. Регистриравме грешно позиционирани документи, печатни грешки, лошо скенирани листови, голем број необјавени извештаи, но и голем број објавени – скриени во неименувани линкови.

Платено политичко рекламирање со печатна грешка

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Студентското собрание на УКИМ со реакција за зголемените трошоци: Образованието мора да остане достапно за сите

Како Универзитетско студентско собрание, ги разбираме предизвиците со кои се соочува Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) во справувањето со трошоците. Меѓутоа, сметаме дека најголемиот дел од овие финансиски...