Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Даниела Рангелова, во дебата за „360 Степени“ на 8 ноември 2019, зборуваше за референдумот и за гласањето за Преспанскиот договор, при тоа потврдувајќи го постоењето на партиската армија на тролови или ботови.

Запрашана за комуникацијата со партиското раководство и евентуални забелешки за нејзините ставови и јавни настапи, таа вели дека немаат храброст за да и кажат во лице што чувствуваат.

„Тие се многу фини кога ќе се сретнеме, но после секој мој настап јас сум линчувана на социјалните мрежи од партиски ботови коишто јас ги знам, што функционираа во времето кога јас бев член на раководството и од луѓе коишто се на платен список на партијата за линчување на неистомислениците“, рече Рангелова.

Ова не е прв пат висок партиски функционер да открива детали за постоењето „армија на тролови“ или „ботови“ односно гранка на партиската пропагандна машинерија наменета за координирано и оркестрирано влијание на јавното мислење преку социјалните мрежи.

Зборот „ботови“ во балкански рамки с’е почесто се користи за практиките што на меѓународно ниво најчесто се нарекува „армија“ или „фабрика“ за тролови – злонамерни корисници на социјални мрежи кои делуваат координарано, за што најпознат пример е фирмата Агенција за истражување на интернет (Internet Research Agency) од Санкт Петерсбург, обвинета за обиди за политичко влијание за сметка на Кремљ. Зборот ботови во регионот се има одомаќинето поради прекарот на „интернет тимот“ на Српската напредна партија (СНС) кои се нарекувани „СНС ботови“.

 

Пред една година, во интервју за Канал 5 на 28 ноември 2018 година, Никола Тодоров, поранешниот министер во владите на Никола Груевски, посочи дека партијата има креирано војска на „партиски ботови“ кои создаваат илузија на поддршка од народот или јавноста, до испраќање сериозни закани со цел да се попречи работата на индивидуи кои се ставени на црна листа од партијата.

Тоа се оние ботови. Партиски ботови, коишто имаат задача да ги спроведат тие негативни или деструктивни идеи на раководството на ВМРО-ДПМНЕ и да шират говор на омраза и да шират невистини… Каква група… Целиот тој систем на линч на социјални мрежи којшто го има изградено ВМРО-ДПМНЕ во овој момент е многу опасен. И би рекол… Се плашам дека ќе ги заглават тие луѓе коишто работат во тој систем. Тоа се млади луѓе, на дваесетина години, коишто седат позади компјутер…“, изјави Тодоров.

Тодоров беше избркан од партиските структури поради тоа што не ја поддржа кампањата за бојкот на референдумот, наспроти изјавите на партискиот лидер Мицкоски дека секој може да гласа по својата совест. ВМРО-ДПМНЕ досега нема признаено дека стоеше зад кампањата „Бојкотирам“, која на интернет се водеше токму преку армија на тролови кои претходно и потоа се користат за застапување на партиски ставови или напади на неистомисленици.

Никола Тодоров, кој работи како адвокат, изјави дека постоењето на партиската армија на тролови не е нешто ново и дека се работи за систем кој се служи со закани, навреди и говор на омраза, што е забрането со Кривичниот законик „и многу опасно“.

Тоа функционира во ВМРО-ДПМНЕ и така ВРМО-ДПМНЕ функционира. Даваат насока „расчерете го Никола Тодоров на социјална мрежа“. И знаете како функционира тоа после? Има дваесетина луѓе којшто седат пред компјутер, имаат по 10 или 15 лажни профили, секој од нив… И почнуваат со закани, навреди, измислици итн. а позади стојат лажни профили. Ако има двесетина луѓе со по, не знам, петнаесеттина лажни профили, се креира некаква перцепција дека огромен број на луѓе, не знам, триста – двеста, триста, четрсто луѓе мислат на еден начин. А тоа не е така“, изјави Тодоров.

Од она што може да се дознае од ваквите и слични изјави, оваа армија на тролови има неколку сегменти, поврзани со Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, а претежно плаќани со државни средства во време на нивното владеење. Еден дел тролови водат мрежа сопствени и лажни профили, друг дел се луѓе од медиумите блиски до партијата кои често служат како анонимни автори и зајакнувачи на манипулациите објавени на социјалните мрежи, а третиот дел се партиски послушници вработени во јавната администрација со должност да ги лајкнуваат или споделуваат содржините објавени од првите две екипи, за да ги наметнат на своите пошироки кругови пријатели.

Според прислушуваните разговори објавени на почетокот на 2015 година, освен „емитување“, армијата тролови исто така има функција на надзор, односно следење кој што прави на социјалните мрежи. Така на пример „бомбата бр. 7“ покажа дека тогашниот министер Миле Јанакиески давал наредби функционери да се закануваат со отказ или губење позиција на вработени во јавната администрација заради тоа што дале „лајк“ на непожелна страница на Фејсбук во тек на предизборна кампања.

Подоцна истата година белгискиот експерт Питер Ванхауте, кој служеше како олеснувач на преговорите за Договорот од Пржино посочи дека според вкупната сума платена од ВМРО-ДПМНЕ за персонален данок во 2014 година може да се заклучи дека партијата има вработено само еден човек, наспроти големиот број луѓе ангажирани секојдневно во партиското седиште и локалните комитети. Низа индиции во понатамошниот период укажуваа дека таквите луѓе се можеби исплаќани со договори за фиктивни хонорарни услуги по разните државни органи.

Во низа случаи може да се насети и испреплетување на функциите во трите родови на армијата на тролови, со цел да се промовираат одредени личности како креатори на јавното мислење. Така на пример, одредени попознати твитерџии беа врбувани преку работни ангажмани како колумнисти во медиуми блиски до партијата, или преку јавни набавки на нивни семејни фирми, додека постоечки партиски колумнисти беа промовирани и во „инфлуенсери“ на Твитер.

Познат е случајот на американскиот лобист Џејсон Мико кој беше претставуван како независен аналитичар со колумни во „Дневник“ кој потоа стана и активен твитерџија кој секојдневно твита на хаштагот #Macedonia, за кој има податоци дека е исплатуван преку Министерството за одбрана. Некогашниот анти-естаблишментски твитерџија Богдан Илијевски со прекар „Бетмен велит“ направи кариера како колумнист во Off.net.mk, потоа во изданија на подоцна пропаднатата МПМ, за во 2017 г. по нападот врз Собранието да биде прогласен и за член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Минатата година „Мета.мкизвести за новинарското истражување кое утврди дека оперативка на руската Агенција за истражување на интернетот, специјализирана за воспоставувањеармии на ботовибила во службена посета на Северна Македонија во јуни 2015 година.  Ана Богачевакоја е обвинета од американскиот специјален советник Роберт Мулер за наводно мешање во изборите во САД, одбила да објасни за кого работела во земјава во месеците откако тогашниот претседател Иванов преку присуство на парадата по повод Денот на победата во Москва искажа поддршка за Путин, наспроти бојкотот на НАТО и сојузниците поради агресијата врз Украина.