fbpx

Руска сајбер шпионка роварела во Македонија по кумановските настани

-

Заедничката истрага на „Базфид њуз“ и Проектот за известување за организиран криминал и корупција (OCCRP) покажува дека индустријата за политички вести на Велес не е започната „спонтано од аполитични тинејџери“.

Според истражувањето, по разгледувањето на објавите на социјалните медиуми, државните записи, информациите за регистарот на доменот и архивираните верзии на лажни веб-сајтови за вести, како и интервјуирањето на клучните играчи, сајтовите со лажни вести во Велес ги започнал македонскиот адвокат Трајче Арсов – кој тесно соработувал со двајца американски партнери од висок профил во период од најмалку шест месеци за време на периодот што се преклопуваше со денот на изборите.

Ana Bogacheva

Истрагата, исто така, открива дека барем еден член на руската „фабрика на тролови”, Ана Богачева, обвинета од американскиот специјален советник Роберт Мулер за наводно мешање во изборите, била во Македонија само три месеци пред да биде регистриран првиот веб-домејн.

Имиграционите записи кои ги добиле новинарите покажуваат дека Богачева била во Македонија во средината на 2015 година, ја напуштила земјата преку копно во Грција на 26 јуни таа година, но, нема записи за нејзиното влегување во земјата.

Имаку на 9 и 10 мај истата, 2015 година во Македонија се случи една од најголемите кризи, контроверзините „кумановските настани“ кај Диво Насеље, во кои загинаа 8 полицајци. Основниот суд Скопје 1 во ноември 2017 година изрече седум доживотни затворски казни, а на 13 обвинети им изрече единствена затворска казна во траење од 40 години.

На прашањето на новинарите зошто била во Македонија во 2015 година, Богачева изјавува „се извинувам, ама не збрувам за мојата работа“.

Богачева е една од 13-те руски државјани обвинети во февруари за наводното мешање во американските избори.

Обвинението се фокусираше на улогата на истражувачката агенција во Санкт Петерсбург – често нарекувана „фабрика за тролови” – која произведувала онлајн пропаганда и ширела пораки преку социјалните медиуми со цел да му помогне на Трамп и да го порази својот ривал, Хилари Клинтон.

Репортерите не пронашле врска помеѓу Богачева и македонските веб-страници, а Арсов негира било каква поврзаност со Русија.

Без одговор се прашањата со кого Богачова имала контакти во Македонија, кој и дозволил да ја напушти земјата ако веќе немало запис дека легално влегла, и каква е нејзината улога во креирањето други „фабрики на тролови“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Марш за видливост на трансродовите лица утре пред Влада

Граѓанската иницијатива за заштита и унапредување на правата на трансродовите лица „ТрансФормА“ соопшти дека во пресрет на 31 март, Меѓународниот ден за видливост на трансродовите лица, утре со почеток...