fbpx

Европската комисија бара финансиска оддржливост на НВО, владата допрва треба да најде решение

-

Владата сè уште ги нема исполнето критериумите утврдени од Европската комисија во Извештајот за земјата објавен во мај во врска со изнаоѓање на соодветен начин за финансиска оддржливост на невладините организации (НВО). Реформите во граѓанското општество се дел од приоритетните реформи што Брисел ги побара во областа на демократијата,  со цел Македонија да напредува во нејзината интеграција во европското семејство, пишува „Порталб.мк“.

Во извештајот на Европската комисија се вели дека „Владата треба да направи дополнителни напори за да обезбеди финансиска оддржливост на невладините организации, како што е поширока усогласеност на даноците и предвидливото јавно финансирање“.

Невладините организации кои ги консултираше „Порталб.мк“ посочуваат дека треба да се создаде транспарентен и кредибилен модел на финансирање од државата преку создавање посебен фонд за институционален развој на НВО и кофинансирање на проектите на ЕУ, како и наоѓање на соодветен модел за третманот на оданочувањето на НВО, а сето тоа да не влијае на независноста на НВО.

Филип Стојановски од Фондацијата „Метаморфозис“ вели дека сè уште не и најден соодветен начин за финансиска оддржливост на НВО, но имаме примери што можеме да ги следиме. Тој вели дека мора да се најде решение што најдобро одговара на нашите услови и потреби.

„Во повеќето земји од Европската унија, вклучително и оние кои неодамна станаа членки, како што е Хрватска, воспоставен е механизам за распределување на дел од буџетот наменет за граѓанскиот сектор преку транспарентен и одговорен процес што ги вклучува самите НВО. Воспоставување на вакви механизми е потребно за да се спречат минатите проблеми кои вклучуваат намерно формирање на организации од партии или луѓе блиски до владата за перење пари. Постојат различни начини на кои може да се постигне оваа цел, а основата за нивно создавање е широка јавна дебата при што ќе се утврди ситуацијата и ќе се разгледаат различните решенија за да се избере оној што најмногу и најдобро им одговара на нашите услови и потреби“, вели Стојановски.

Формирањето на Совет за соработка и развој помеѓу граѓанскиот сектор и Владата се смета за еден од преземените чекори, но сè уште не е изнајден начин да се обезбеди финансиска оддржливост на невладините организации.

Уранија Пировска од Хелсиншкиот комитет вели дека ова е важен чекор, но дека невладините организации сè уште се финансираат од странски фонодви.

„Првиот чекор беше да се создаде овој совет, што беше многу важно за Брисел, бидејќи во него има 16 членови од граѓанското општество и 15 членови од институциите, што значи дека повеќето се членови на невладини организации. Советот е предводен и од претставник на невладините организации, односно претседателка на советот е директорката на Фондацијата отворено општество Македонија, така да работите се одвиваат во вистински правец, следната година ќе видиме како тоа ќе се одрази во средствата што Владата ќе распредели во однос на оддржливоста на граѓанскиот сектор. Во спротивно, знаете дека ние, невладините организации во главно живееме на странски фондови“, вели Пировска.

Од друга страна, Ермира Сулејмани од Секретаријатот за европски прашања вели дека Владата ја разбира потребата и важноста на соработката со граѓанските организации и признава дека создавањето на Советот е еден од чекорите што владата ги има преземено.

„Владата, уште од почетокот на својот мандат, целосно ја разбира потребата и важноста на соработката со граѓанските организации и нивното целокупно вклучување во процесот на креирање политики, вклучително и политики кои се важни за интеграцијата во ЕУ. Затоа, во планот 3-6-9 беа опфатени и мерки во правец на поставување на темели за унапредување на соработката со граѓанските организации, како што е формирањето Функционален совет за соработка и развој со граѓанскиот сектор и усвојување на Стратегијата за соработка со граѓанскиот сектор со Акционен план. за периодот 2018 – 2020 година“, вели Сулејмани.

Фани Каранфилова Пановска од Фондацијата за отворено општество вели дека иако се преземени некои чекори за да се обезбеди финансиска оддржливост на невладините организации, тие не се целосно завршени. Посочи дека промените во политиките и регулативите се во тек.

„Она што денес можеме да го кажеме, од оваа гледна точка, е дека се преземени некои чекори што секако не се целосно завршени, со оглед дека обезбедувањето оддржливост за функционирање на невладините организации вклучува неколку сегменти, од потребата да се добие правна сигурност за нивната работа, правна сигурност за слободата на говорот и правната сигурност за нивната секојдневна, финансиска и друга работа. Некои од овие проблеми, имено промените во политиката и регулативата, се во тек“, истакнува Каранфилова – Пановска.

Каранфилова – Пановска вели дека е важно да се создаде транспарентен и кредибилен модел на финансирање со државни пари и единствен фонд за институционален развој за невладини организации.

„Сметаме дека јавните пари се парите што всушност постојат во буџетот на РСМ или во буџетите на општините, а се наменети за невладини организации, бидејќи начинот на кој се програмираат парите и начинот на трошење не се прави систематски, не е транспарентно, а понекогаш не се во функција на стратешките приоритети на самата држава “, вели Каранфилова.

Според неа, треба да има целосна транспарентност и одговорност, но мора да се обезбедат механизми за да може дистрибуцијата на овие јавни пари за невладините организации да не го загрозат нивниот интегритет и независност. Државата треба да го зголеми уделот на финансирање на НВО, да има предвидлив организиран систем или фонд и да обезбеди дополнително кофинансирање.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...