fbpx

Шекеринска го најави крајот на “десороизацијата“, се исправи неправдата кон НВО од времето на Груевски

-

Преку автентичното толкување, Владата на Северна Македонија, заедно со владините институции и Собранието, ја исправаат неправдата која што поранешната власт на ВМРО-ДПМНЕ, им ја нанесе на невладините организации. Тие биле казнувани и давале пари неправедно, за грешки што не ги направиле. Ова го изјави денеска вицепремиерката и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска, и додаде дека преку погрешното толкување или на делови што не постоеле во законот или преку одредби кои останале недоволно прецизни за да можат да ги злоупотребат, тогашната власт со која управуваше Никола Груевски, имала за цел да ги замолчи невладините организации, да ги казнува и финансиски да ги оштети, извести „Порталб.мк“.

По анализите и консултациите со неколку владини институции и консултациите со Собранието, Шекеринска вели дека дадено е позитивно мислење, а Владата го усвоила автентичното толкување на законот со кој се решава овој проблем.

– Со ова автентично толкување, заедно со претходните измени на законот, оваа Влада покажа дека не сака да остави сиви зони со кои што во иднина би можело да се уценува, да се врши притисок или манипулира. На овој начин, решението ќе гарантира дека било каква државна институција нема да може на овој начин да врши притисоци кон тие можеби не ги делат истите политички убедувања – рече Шекеринска.

Критички настроените невладини организации кои што биле мета на прогон од страна на поранешниот режим на ВМРО-ДПМНЕ, го поздравија овој чекор оценувајќи дека со ова се отстранува неправдата кој им била нанесена само поради тоа што биле критични кон штетните појави.

– Ова е добра вест што отстранува една неправда што им беше нанесена на неколку невладини организации во времето на режимот на Груевски и им нанесува уште еден удар на тенденциозните клетви упатени кон нас, но истовремено уште еднаш го истакнува нашето професионално работење. Иако е тешко да се заборави институционалниот притисок што се спроведуваше преку финансиската полиција и управата за јавни приходи, како и притисокот преку медиумите контролирани од тогашната власт, сепак е добро да и формално се затвори овој неправеден процес кој му нанесе штета не само на невладиниот сектор туку ја уназади и демократијата во земјата – вели директорот на Фондацијата „Метаморфозис“, Бардил Јашари.

Директорката на Фондацијата Отворено Општество Македонија (ФООМ), Фани Каранфилова – Пановска, вели дека било неопходно оваа власт да изнајде начин да на формален начин да ги заврши сите активности што ги имаа преземено претставниците на поранешната владина гарнитура предводена од ВМРО-ДПМНЕ во контекст на политичкиот прогон врз невладините организации и подоцна да ги затвори сите случаи.

– Ова беше еден од начините за да се затворат постапките против невладините организации и потоа да се изнајдат правни лекови со цел институциите да им стават крај на постапките, во овој случај Управата за јавни приходи – вели Каранфилова – Пановска.

Инаку, откако започна процесот на вклучување на невладините организации во спроведувањето на планот „3-6-9“ на новата влада на Македонија, за реформите кои го опфаќаат и цивилниот сектор се побара да се истражи и процесот на десороизација. Дури и еврокомесарот Јоханес Хан порача да се промени и ставот и односот кон невладините организации.

Критичките НВО биле мета на бројни и чести напади како од Управата за јавни приходи така и од Финансиската полиција. 13 од нив беа контролирани од Финансиската полиција за да се дознае колку пари добиле од УСАИД во текот на реализацијата на нивните активности.

На иста линија со Груевски беше и сега веќе поранешниот претседател на Македонија, Ѓорге Иванов кој во текот на неговиот престој во Унгарија, држава која што исто така ги напаѓа НВО, рече дека “мора да се зајакне контролата и транспарентноста во финансирањето на работењето на НВО, мора да се отстранат сите сомнежи и да се направи разлика помеѓу организациите кои навистина работат во интерес на народот и тие што се кријат зад името НВО“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

На гласачките места во 14 казнено поправни установи своето гласачко право денеска ќе можат да го остварат 2.147 гласачи. Сите гласачки места во казнено поправните установи се отворени утрово во 7...