fbpx

ЕУ очекува интеграција на С. Македонија преку процес на реформи

ЕУ очекува интеграција на Западен Балкан и интеграција на РСМ, но потребни се реформи за да се забрза евроинтеграцискиот процес, беа дел од пораките на говорниците кои учествуваа на денешната панел-дискусија „Европската Унија како предизвик и предизвиците на ЕУ: Европа 74 години од Шумановата декларација

-

Европската Унија очекува интеграција на Западен Балкан и интеграција на Република Северна Македонија, но потребни се реформи за да се забрза евроинтеграцискиот процес.

Ова се дел од пораките на говорниците кои учествуваа на денешната панел-дискусија „Европската Унија како предизвик и предизвиците на ЕУ: Европа 74 години од Шумановата декларација“ во рамките на одбележувањето на Денот на Европа-9 Мај во Скопје.

Настанот традиционално го организираат Европско движење во Република Северна Македонија и Фондацијата Конрад Аденауер.

„Ние мораме да тргнеме со суштински и сериозни реформи, излез немаме. Бидејќи не е само сега критериум хомогенизација, хармонизација туку и имплементацијата. ЕУ треба соодветно да одговори“, порача претседателката Гордана Сиљановска Давкова, посочувајќи на долгиот период од добивањето на кандидатскиот статус на нашата држава.

Сиљановска Давкова нагласи дека Парламентот мора да се отвори во евроинтеграцискиот процес, кој не треба да биде само работа на владата, а додаде и дека во овој процес треба да се вклучат и експерти.

„Регионално треба да резонираме, регионално да соработуваме, регионално да се поддржуваме едни со други. Треба да чекориме заедно“, потенцираше Сиљановска Давкова.

Претседателката на Европското движење, Милева Ѓуровска истакна дека граѓаните се надеваат дека евроинтегративниот процес ќе биде сфатен, пред сѐ, како процес на реформи кои ќе им помогнат на институциите целосно да бидат во служба на граѓаните, институции кои се управувани од стручна фела и кои се посветени на јавниот интерес.

Фото: Европско движење

Заменик-шефот на Делегацијата на ЕУ, Бен Нупнау изјави:

„ЕУ сака да го внесе Западен Балкан поблиску и побрзо во ЕУ за да ја зајакнеме заедничката безбедност и да промовираме просперитет. Проектот на ЕУ не е комплетен без вас. Постојано велиме дека успехот кон интеграцијата е споделена одговорност. Дел од одговорноста кој припаѓа на Северна Македонија е на полето на реформите, главно во суштинските области како владеењето на правото и човековите права. Сето тоа го зголемува економскиот капацитет и отпорноста. Тешко е но ќе биде корисно“.

Официјалниот претставник на фондацијата Конрад Аденауер, Даниел Браун нагласи дека Конрад Аденауер е еден од основачите на Европската Унија.

„Фондацијата Конрад Аденауер ја следи неговата традиција и во тој дух работи на поддршката на европската интеграција. Повеќе од две години на тлото на Европа имаме војна. Затоа е суштествено сите ние кои се залагаме за слободата, демократијата и мирот да бидеме единствени“, рече Браун.

Фото: Европско движење

Според амбасадорката на Сојузна Република Германија, Петра Дрекслер основата за членство во ЕУ е процесот на реформи.

Амбасадорот на Република Словачка, Хенрик Маркуш порача дека не треба да се чека Северна Македонија да ги надмине проблемите и што ќе значи тоа за угледот на ЕУ.

Во рамките на настанот, Европското движење во Република Северна Македонија на актуелниот шеф на Делегацијата на ЕУ, Дејвид Гир му додели плакета за неговиот придонес за евроинтегративниот процес, а за Европска личност за 2023 година беше избран нашиот најпознат македонски тенор, Благој Нацоски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ВМРО-ДПМНЕ повторно ја враќа оградата од ковано железо околу Владата

Меѓу многуте одлуки од денешната, втора седница на новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, донесена е и одлука за враќање на оградата околу владината зграда, која беше отстранета пред пет...