fbpx

Две сценарија за „денот потоа“ во Грција

-

Истекува последната недела од предизборната кампања за грчките избори. До последен момент СИРИЗА и Нова демократија ќе ги кршат копјата за освојување што повеќе гласови од неопределените гласачи, првите со надеж дека ќе успеат да соберат доволно гласачи и да имаат апсолутно мнозинство за да можат сами да формираат влада, вторите со желба да скратат што повеќе од поддршката на СИРИЗА за да може да добијат мандат и шанса повторно да формираат коалициска влада.

Убедливото водство во сите анкети ѝ дава чувство на сигурност на СИРИЗА дека се движи кон можноста сама да формира влада на 26 јануари. Левичарската партија е убедена дека по две години исчекување, конечно ќе добие силна народна поддршка, со која ќе стави крај на владеењето на двете традиционално големи партии, Нова демократија и ПАСОК. Тоа што во медиумите веќе се слушаат и првите имиња за министри на СИРИЗА е дополнителен факт дека Алексис Ципрас веќе се гледа како премиер на самостојна влада на СИРИЗА.

Доколку СИРИЗА не успее да формира самостојна влада, се шпекулира со две можни сценарија за 26 јануари. Првото е обид за влада на СИРИЗА со поддршка од ПАСОК или од Река. Проблемот со ова сценарио е што Ципрас јасно има истакнато дека не сака соработка со ПАСОК, кои, пак, се отворени за коалицирање и со него, а Река од него бара да ја загарантира европската иднина и стабилност на Грција, како и дека нема да прави сам еднострани чекори кои би ја загрозиле позицијата на Грција во еврозоната, позиција за која не се знае како може да се договорат двете партии сè до последен момент.

Втор проблем околу ова сценарио е што влада со поддршка од друга партија наместо коалициска може да се распадне доколку партијата која ја поддржува мнозинската опција се повлече околу несогласувања за одредени теми. Ципрас би бил најсреќен доколку успее да добие поддршка од Комунистичката партија, која и сега, како и во 2012 година, одбива соработка со која било партија. СИРИЗА има разбирање околу економските прашања со десничарската Независни Грци, меѓутоа дијаметрално различни ставови околу прашањата од надворешната политика.

Најголемите битки оваа недела се очекува повторно, главно, да се водат за економијата и за предлозите за олеснување на финансискиот товар на грчкиот народ. Наспроти ветувањата на Ципрас за целосно ослободување од европските стеги на пакетот за штедење, Самарас ветува намалување даноци. Иако сите партии неколкупати ја начнаа темата за спорот за името, во обид да фатат гласачи и на надворешната политика, Самарас, обвинувајќи го Ципрас за предавство на името Македонија и за тоа што Грција е заглавена во неповолна преговарачка позиција 20 години, а лидерот на Незавнисни Грци, Панос Каменос, посочувајќи вина кај сите што сакаат да го предадат името Македонија преку компромисот за име со географска одредница, сепак главниот фокус и натаму останува на економијата и на финансиските проблеми.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...