Џез групата „Сетстат“ со концертна промоција на новиот албум вечерва во Бугарија

Фото: КИЦ на РСМ

Ветераните на македонската џез музика, оригиналниот состав што денес свири современ џез, „Сетстат“ вечерва за прв пат ќе промовира песни од својот единаесетти албум со концерт во Софија што се одржува во рамките на „Аларма Панк-Џез“ фестивалот на Бугарското Национално Радио во партнерство со Културно-инофрмативниот центар на Република Северна Македонија во Софија.

Концертот на реномираната џез формација во состав на единствените Владан Дробицки – тромбон, Васко Бојаџиски – тенор и алт саксофон, Панче Бујуклиев – клавијатури, Павел Дробицки – бас и Гоце Наумов – ќе биде во клубот „Софија лајв клуб“ со почеток во 20 часот.

Единаесеттиот албум на „Сетстат“ го потпишува дискографската куќа ПМГ Рекордингс, односно, „суб-лејблот“, „ПМГЏЕЗ“.