fbpx

Денеска се конституира новиот парламентарен состав

Министрите на СДСМ кои се избрани за пратеници ќе ги напуштаат министерските ресори, со оглед на тоа што Уставот и Изборниот законик функцијата пратеник е неспоива со друга функција

-

Денеска се конституира 11-от парламент, по изборите одржани на 8 мај. Седницата, според Деловникот на Собранието, може да трае најмногу три дена. За овие три дена ќе се верификуваат мандатите на пратениците, а треба да се избере и претседател на собранието.

Министрите на СДСМ кои се избрани за пратеници ќе ги напуштаат министерските ресори, со оглед на тоа што Уставот и Изборниот законик функцијата пратеник е неспоива со друга функција. Станува збор за министрите Фатмир Битиќи, Илир Демири, Љупчо Николовски, Славјанка Петровска и Бисера Костадинова-Стојчевска и на техничкиот премиер Талат Џафери. Нивните функции до изборот на нова влада ќе ги вршат замениците министри.

Новиот парламентарен состав ќе брои 120 пратеници, но на денешната седница се очекува да присуствуваат 118 пратеници чии мандати се веќе потврдени од Државната изборна комисија и кои добија уверенија од ДИК. За останатите два мандати за кои се прегласуваше минатата среда (22 мај) сè уште течат жалбените постапки.

Поради кандидатурата за претседател на Собранието Африм Гаши, како што беше соопштено вчера се повлече од лидерската функција во Алтернатива, која е дел од коалицијата „Вреди“. Во меѓувреме и Билал Касами, претседател на Движењето Беса кое е исто така дел од оваа коалиција и актуелен градоначалник на Тетово, се откажа од пратеничкиот мандат и побара тој да не му биде верификуван на денешната седница.

Според распоредот на силите, во новиот состав на законодавниот дом најмногу пратеници, односно 58 ќе има коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, „Коалицијата за европска Македонија“ на СДСМ ќе брои 18 пратеници, коалицијата „Европски фронт“ предводена од ДУИ ќе има исто 18 пратеници, коалицијата „Вреди“ ќе има 14, а Левица и „Движењето ЗНАМ – За наша Македонија“ ќе имаат по шест пратеника.

Распоредот на ресорите во новата влада, за чие формирање коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ води преговори со коалицијата на опозициските партии на Албанците, „Вреди“, а деновиве беше вклучена и партијата ЗНАМ на Максим Димитриевски, е пред финален договор.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Партизацијата продолжува – „свои“ луѓе на чело на институциите под превезот на в.д. директори

Продолжува практиката на именувањето вршители на должност како директори во јавните претпријатија. Со смената на власта и доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, како лавина почна именување на нови в.д....