fbpx

Денеска второ гласање за Димас

-

Во грчкиот парламент денеска напладне ќе почне вториот круг од гласањето за претседател на државата. Единствен кандидат за претседател е поранешниот шеф на дипломатијата Ставрос Димас, предложен од владината коалиција на Нова демократија и на ПАСОК.

За да се изгласа претседател во вториот круг, потребно е двотретинско мнозинство, односно за Димас да гласаат 200 од вкупно 300 грчки пратеници. Доколку не се изгласа претседател во овој круг, пратениците ќе гласаат и третпат, на 29 декември. Во третиот круг се потребни 180 гласови за да се избере наследник на актуелниот претседател Каролос Папуљас.

Димас на првото гласање доби поддршка од само 160 пратеници, 155 од владината коалиција и пет независни пратеници. На денешното гласање се очекува да го поддржат уште тројца независни пратеници. Премиерот Андонис Самарас се надева на позитивна поддршка и од други пратеници, со амбициозен план Димас да освои барем 172 гласа во денешниот втор круг.

Денешното гласање ќе покаже колку успеал повикот на грчкиот премиер да постигне национален консензус за Димас и за неговата понуда за поддршката за Димас да возврати со реконструкција и со проширување на владата со други проевропски сили и со предвремени избори на крајот на 2015 година.

М.П.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...