fbpx

Царината спречила шверц на цигари, свечени фустани и моторни возила

На меѓународниот аеродром во Скопје, на граничните премини Блаце и Јажинце е спречено криумчарење на стока од страна на царинските службеници

-

Во текот на минатата недела царинските службеници спречиле неколку обиди за криумчарење и непријавување за царинење на цигари, облека, моторни возила и друго.

На Меѓународниот аеродром Скопје, кај македонскиот граѓанин кој патувал за Лондон пронајдени се 114 штеки цигари без акцизни маркички од марката „Karelia“ и 5 штеки цигари со бугарски акцизни маркички од марката „Sobranie“, соопшти Царинската управа.

По пријава од аеродромската служба за безбедност дека патникот има тежок багаж, царинските службеници извршиле детален преглед на неговиот куфер, при што биле пронајдени непријавените цигари.

„Цигарите се привремено задржани, а против патникот ќе биде поведена прекршочна постапка“, велат цариниците.

Фото: Царинска управа

Царинската управа поднесе и кривична пријава за шверц на 52 свечени фустани, откриени при контрола на косовски автомобил управуван од косовски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Блаце. Возачот првично не застанал на царинска контрола, но по реакција на царинските службеници бил вратен назад, по што бил извршен детален преглед.

Пронајдени се 350 маици со кратки ракави откриени од страна на мобилните царински тимови со скенер, при контрола на косовски автомобил управуван од турски државјанин пријавен за излез од државата на граничниот премин Блаце. За непријавените производи возачот изјавил дека се набавени во Турција, а истиот не поседувал никаков документ.

На граничниот премир Јажинце, пак, патничко возило марка Ford Fiesta 1.4 TD со словачки регистарски таблички, било управувано од македонски државјанин без регулиран престој во странство. Сопственик на возилото бил словачки државјанин кој не бил присутен во возилото, а возачот направил царински прекршок, односно се однесувал како возилото да е пуштено во слободен промет. Возилото е привремено задржано, а против возачот ќе биде поведена прекршочна постапка.

Фото: Царинска управа

Од мобилните царински тимови биле откриени и 9 употребувани моторни возила, 4 електрични инвалидски колички, 42 употребувани звучници, 21 употребувани гуми, 1 употребуван фрижидер, 1 употребувана надворешна единица за климатизер, 35 употребувани метални држачи и 1 гумен базен, со вкупна вредност од околу 2,3 милиони денари, со потекло од Швајцарија во царинската испостава Скопје 3. Производите, кои не биле опфатени со царинските документи, се привремено задржани а против увозникот, кое физичко лице од Скопје, ќе биде поведена соодветна постапка.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

По една ѕвезда на Широк сокак за лауреатите на Златна Камера 300 за животно дело

На годинашното јубилејно 45. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ по прв пат на Широк сокак во Битола, ќе бидат откриени ѕвезди на сите досегашни добитници...