Брат ќе положиш гарант, сè ти кажав

Фото: Арбнора Мемети

Меѓу студентите, но и во академската фела на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, деновиве кружи една нова анегдота која многумина ја раскажуваат. Имено, станува збор за случка на еден од испитите кои за првпат годинава се полагаа онлајн во јунската сесија, на еден од факултетите при универзитетот.

Како што кажавме, јунска испитна сесија. Време е за устен испит. Студентот и професорот се гледаат онлајн на една од платформите за телеконференција. Професорот поставува прашања. Студентов, растура. Знае сè, од „а“ до „ш“. Завршува полагањето, задоволни и двајцата. Е арно ама, кандидатот заборава да кликне „mute“, па одеднаш професорот слуша друг глас „Брат, сè ти кажав, гарант ќе положиш“. Излегува дека во еден од ќошевите на собата, бил добро подготвениот колега, кој му ги кажувал сите одговори на студентот што полагал. Испитот поништен, дисциплинска комисија ќе одлучува како да се казни студентот.

Мамење на испити отсекогаш имало, и во предавална и во амфитеатар. Но, и во услови на пандемија од ковид-19.