Бордот на европски студенти по технологија организира Симпозиум за едукација

Она што ќе го сработат учесниците од настанот ќе се преточи во научен труд кој притоа ќе се презентира на конференции низ Европа

Фото: БЕСТ

Симпозиум за едукација, во периодот од 7 до 15 јули организира Бордот на европски студенти по технологија (БЕСТ), на Техничко-технолошкиот кампус. Овој борд е всушност огранок на интернационална студентска организација со локални групи на 85 различни универзитети во 30 држави низ цела Европа.

„Тоа ќе биде летен настан со едукативен, научен и културен карактер. Настанот ќе содржи работилници и дебати на темата „Одговорно инженерство” орагнизирани од искусни интернационални студнти-членови на БЕСТ, чија цел е промовирање на активно учество во придонесот на развојот на нивното образование“, наведено е во соопштението од БЕСТ.

Настанот е наменет за проактивни студенти на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, кои имаат интерес за сѐ што е поврзано со природните науки и иновациите и со амбиција да станат успешни млади инженери.

БЕСТ Скопје е една од 85 локални групи на една поширока непрофитна, волонтерска организација која се простира во 30 Европски земји, со цел да се шири мисијата за развојот на студентите. Тоа го остваруваат преку саеми за вработување и кариера, курсеви, натпревари.

Главна тема на настанот кој ќе се одржува во јули е „Одговорно инженерство“, со наслов „How to train your responsible engineer“. Настанот содржи сесии, работилници и дебати каде ќе се дискутира за одговорно, етичко и одржливо инженерство и неговата застапеност во наставните програми на универзитетите.

Она што ќе го сработат учесниците од настанот ќе се преточи во научен труд кој притоа ќе се презентира на конференции низ Европа. Всушност овој настан е само дел од процесот на пишување на научен труд кои што ќе се презентира на конференциите SEFI, WEEF и други.