fbpx

Бесијa Иљази не е разрешена зашто е Албанка

Разрешувањето на Бесиjа Иљази од функцијата економски директор на Клиниката за Токсикологија во Скопје предизвика спинувана невистинита реакција од лидерот на Европската демократска партија, Арјанит Хоџа

-

Разрешувањето на Бесиjа Иљази од функцијата економски директор на Клиниката за Токсикологија во Скопје предизвика спинувана невистинита реакција од лидерот на Европската демократска партија, Арјанит Хоџа, кој де факто тврди дека таа е разрешена од новиот министер Арбен Таравари зашто е Албанка, која се борела против албанофобијата на Клиниката и генерално. Хоџа не кажува ниту дека е започнат процесот на укинување на економските директори, ниту дека самата Иљази беше повод за скандалозни случувања во Клиниката поради нејзините одлуки, пишува Вистиномер. 

Текстот го пренесуваме интегрално:

 

Претседателот на Европската демократска партија и член на коалицијата „Европски фронт“, Арјанит Хоџа во јавна реакција изрази став во којшто се содржи невистина:

Од сите директори што ги разреши министерот за здравство, Арбен Таравари, медиумите на македонски јазик најмногу вревеа за разрешувањето на Бесија Илази. Знаете ли зошто!? Затоа што таа ги продолжи договорите за работа на 18 вработени Албанци и дека овие што денеска ќе ја водат оваа институција се избориле да не им продолжат договорите…

Исто така, Бесија беше нападната дека не го владее македонскиот јазик на високо ниво и тоа што институцијата ја водеше со перфектен албански јазик и изгледа ги оглуви оние кои денеска се назначени со потпис на министрите-вазали…

Горд сум што кадар како Бесија Илази докажа дека може храбро да се соочи со антиалбанскиот менталитет во институциите и што стана причина да се покаже вистинското лице на вазалскиот пристап на коалицијата ВЛЕН во владеењето на ВМРО….

[Извор: Макфакс – Хоџа по сменета… – датум: 26.06.2024]

 

Образложение:

Тврдењето на Арјанит Хоџа е невистина затоа што станува збор за генерален процес на разрешување на економските директори на сите здравствени установи, почнувајќи од десетина на Клиничкиот центар во Скопје, поради одлука преку законски измени во најскоро време воопшто да не постои во иднина функцијата економски, односно организациски директор.

Медиумите претходниот ден, на 25 јуни, масовно ја споделија веста за разрешувањето на директорите како одлука на новиот министер за здравство. Вистина е дека дел од медиумите ја ставија Иљази во насловите, но, други, акцент ставија на разрешување на поголем број економски директори на Клинички, додека, пак, трети медиуми, на одлуката за именување на двајцата нови медицински директори на клиниките за токсикологија и на неврологија.

Но, доволно е да се погледне барем дел од оригиналната изјава на Таравари за медиумите, на пример на Канал 5 (58 сек.) и на Сител, па да се види дека причината за разрешувањето е друга, а не затоа што Бесија Иљази е Албанка која требало да биде разрешена поради антиалбанството што владеело на спомената клиника за Токсигологија или генерално.

Многу скоро ќе предложам нов закон за здравствена заштита во којшто нема да има економски директори во сите установи. Кај што има, ако не се лажам повеќе од 100 вработени, така е законот, ќе предвидиме да има само професионален еден директор на клиника или болница или јавна здравствена установарече Таравари , пренесува Сител.

Освен ова, кога Хоџа аргументира зошто на медиумите на македонски јазик разрешувањето на Иљзи предизвикало внимание, како да заборава дека самата Иљази поради повеќе свои автономни одлуки предизвика големи турбуленции и кадровски проблеми на Клиниката.

Бесија Иљази. Фото: скриншот

И со одлуката да врати 18 поранешни вработени на времени договори и со фактот дека меѓу нив бил и лаборант кој се согласил на манипулација со лабораториски тест и со наредбата дека вработените не смеат да контактираат со медиумите без нејзина дозвола, итн. Сето тоа, како и јавната реакција на вработените, пред се лекари и професори, нормално е дека претставува јавен интерес, па Хоџа не е во право кога интересот на медиумите за разрешувањето го посочува во други, политички и националистички причини.

Поради горенаведените аргументи може да се заклучи дека изјавата на Хоџа за смена на Иљази како дел од антиалбанството, а Таравари како вазал на македонските власти, може да се оцени како невистина.

 

Извори:

 

Оценил: Тео Блажевски

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Носталгија по диктатори: Хусеин, Гадафи и Асад

Чест наратив на Кремљ е дека ирачкиот лидер Хусеин, либискиот Гадафи и сирискиот Асад биле големи патриоти и имале добри социјални политики, но дека биле жртви на американскиот империјализам,...