Black Myth: Wukong – менување форми, модови и козметика

Black Myth Wukong скриншот од YouTube-рот Shark Chili
Black Myth Wukong скриншот од видео на јутјуберот Shark Chili

Во Black Myth: Wukong, слично како во легендата за кинескиот митски јунак „Кралот Мајмун” кој менува форми, секогаш кога ќе победите главен непријател можете накратко да ја добиете неговата форма и да ги користите неговите комбинации од удари. Тука се и различните „скинови“ (менување на изглед на облека или оклоп и оружја) и „модови“ (додатоци што менуваат изглед со целосно анимирани ликови во играта) кои се моментално актуелни во Вуконг.

На следното видео од јутјуберот Lootward се прикажани сите можни изгледи на оружја во играта.

Ако не ви се доволни варијациите на оружја и постоечките оклопи, заедницата на гејмери експресно сработи и „модови“ со кои наместо со Вуконг можете да играте со ликови како Дедпул од Марвел, Рафики од Лајон Кинг, Сонџоку од Драгонбол и ред други популарни ликови од филмската индустрија вклучувајќи и анимирани филмови и други игри. Моментално најпопуларен е скинот на Дарт Маул од Старворс поради тоа што е најдетално сработен.

Објавено е и инвентивно видео каде што јутуберот ToastedShoes со помош на модови направил сетингзи за при секое негово умирање во играта да се менуваат ликот, оружјето и главниот.

Што се однесува до „модовите“, тие можат да бидат и фактор за „расипување“ на играта. Поради истата причина, долгогодишни играчи на Skyrim сакаат да ја играат играта „немодирана“ или без измени како што е наменета да се игра од девелоперите.

Исто така во самата игра трансформациите на сите главни или менувањето форми во основната игра, нуди голем варитет на способности за трансформирање.

Black Myth: Wukong е со огромна растечка популарност. Буквално ги засени сите конкурентни Souls игри и единствена игра што претендира да ја надмине е долгоочекуваната Phantom Blade Zero токму поради што вторава има дефлектирање удари со меч како во Секиро, а Вуконг нема дефлектирање удари и мора да се користи само Dogde (избегнување удари). Инаку според пишаната позадина на ликот Вуконг менувањето форми е само една способност од неговите моќи и има таканаречени 72 трансформации. Играта моментално чини 60 евра на Steam.