fbpx

Бебето кое „исчезнало“ од Клиничкиот центар всушност не постоело, мајката лажела дека е трудна

Осомничената се смета дека го довела својот сопруг во заблуда околу нивното „дете“ и е приведена за лажно пријавување на кривично дело

-

Паниката која се крена за наводно исчезнатото бебе од клиничкиот центар испаѓа дека всушност не постоело.

Во соопштенија од Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство стои дека всушност мајката лажела дека е трудна и дека се породила, за што таткото не бил свесен. Жената е приведена за лажно пријавување на кривично дело.

„На 23 ноември, на иницијатива на нејзиниот невенчан сопруг, отишле најпрвин на Клиниката за детски болести каде наводно било хоспитализирано детето во тој момент. Таткото побарал да го види бебето, но биле известени дека такво бебе не било примено и донесено на лекување на клиниката. Потоа отишле на ГАК, каде по направените проверки во системите биле известени дека во текот на 2023 година осомничената воопшто не била примена ниту породена на таа клиника“, стои во соопштението на Јавното обвинителство.

По наредба на јавен обвинител било утврдено дека осомничената го довела во заблуда нејзиниот партнер и лажно пријавила дека нејзиното новородено дете исчезнало. Поточно, таа пријавила дека нејзиното дете било одземено од непознати лица, иако знаела дека тие наводни киднапери не би можеле да постојат и да се сторители на кривично дело, со што постои основано сомнение дека осомничената е сторител на лажно пријавување на кривично дело.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски коментираше на ситуацијата, сметајќи дека е потенцијално политички мотивирана лажната вест, со цел предизвикување неверување и паника пред изборите.

„Кога доаѓа време за избори, во Северна Македонија ни се случуваат вакви работи мотивирани од одредени структури и личности. Не мора да се само политички мотивации, може да се и од други аспекти. Јас ќе ве потсетам пред три, четири години кога имаше избори, почнуваа отворање теми за мигранти, грабнување на деца, разно разни активности“, рече министерот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.
Број 659 на стрипот „Алан Форд“ нацртан од Вероника Гуити. Фото: Мета.мк.

За прв пат во 55 години, стрипот „Алан Форд“ го црта жена

Со мајскиот, 659-ти број на култниот италијански стрип „Алан Форд“, издавачот и сценарист Макс Бункер ја претстави уметницата Вероника Гуити како нова членка на тимот. Во уредничкиот коментар во 659-тата...